Лимузинската изведба на Audi TT ќе дебитира следната недела

Според објавата на кинескиот XCar, на 20-ти ноември на салонот во Гуанжу ќе биде прикажана сериската изведба на Audi TT Sportback. Тоа би било различно од очекувањата, затоа што Audi му даде приоритет на купе-теренецот TTQ.

Во минатиот октомври, Audi го извлече од ракав концептот TT Sportback, најавувајќи купе-лимузинска изведба од новиот TT. Медиумите во Кина сега пишуваат дека следната недела на салонот во Гуанжу ќе биде прикажана сериската изведба на TT со пет врати.

Audi претходно најави дека му дава приоритет на кросоверот TTQ пред купе-лимузината TT Sportback
Audi претходно најави дека му дава приоритет на кросоверот TTQ пред купе-лимузината TT Sportback

Доколку Кинезите се во право, претставувањето на серискиот модел ќе биде отстапување од претходните најави на производителот од Инголштат. Audi оцени од реакцијата на публиката и експертите дека TT Sportback сепак е недоволно практичен за купувачите и му даде предимство на TTQ, односно на кросоверот што ќе следува од концентот TT Offroad.

Кoнцептот TT Sportback има каросерија подолга за 29 сантиметри од купето TT. Audi веќе нуди лимузинска изведба од компактот A3 и воведувањето на купе-лимузината TT Sportback, како алтернатива, би предизвикало забуна кај купувачите. Конкурентот Mercedes го „покрива“ овој сегмент само со CLA, но и со купе-комбито CLA Shooting Brake, додека BMW воведува уште поголема разновидност, со купе и кабриолет изведбите од серијата 2.

Салонот во Гуанжу се отвора на 20-ти ноември.

Претходна објаваРоботскиот автомобил на Google запрен поради пребавно возење
Следна објаваDacia на јапонски начин: Евтин кросовер од Datsun

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here