за

Роботскиот автомобил на Google запрен поради пребавно возење

Автомобилот на Google досега имаше неколку благи судири, а им предизвикува проблеми и на велосипедистите. Роботскиот автомобил со погон на струја сега има нов проблем.

Полицаец на мотоцикл во Калифорнија го запрел роботскиот автомобил на Google поради тоа што возел пребавно. Интернет-концернот објави фотографија од полицаецот на социјалната мрежа Google+ и коменираше: „Пребавно возење? Тоа сигурно не им се случува често на луѓето!“ Полицијата во Маунтин Вју, каде што се наоѓа седиштето на Google во Калифорнија, го потврди случајот. Автомобилот возел со брзина од 24 милји на час (38 km/h) на улица каде што е дозволена максимална брзина од 35 милји на час (56 km/h), со што тој го попречувал сообраќајот.

https://plus.google.com/+SelfDrivingCar/posts/j9ouVZSZnRf

Откако полицаецот се доближил до возилото, забележал дека станува збор за автономното возило на Google. Сосема било легално тоа што бавниот автомобил се движел по улицата. Роботските автомобили на Google, поради безбедносни причини не смеат да возат побрзо од 25 милји на час. Калифорнија дозволува тие да се движат по улиците каде што се дозволени 35 милји на час. Полицаецот потоа разговарал со патниците во Google Auto во врска со попречувањето на сообраќајот. Иако возилото се движи автоматски, во него мора да има човек, меѓу другото и поради анализа на техниката.

Google веќе шест години работи на „самовозечки“ автомобили, а од јуни тие возат по јавните патишта во Маунтин Вју. Од безбедносни причини, во возилото што според законите мора да поседува волан и педали за гас и сопирање се наоѓа возач, за да интервенира во случај на опасност. По 1,2 милион милји, во Google се „горди што уште немаме добиено ниту една казна.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Продажбата на автомобили во Словенија со двоцифрен пораст

Лимузинската изведба на Audi TT ќе дебитира следната недела