за

Зошто Porsche чува бикови околу фабриката во Лајпцих

Porsche во 2000 година ја изгради фабриката во Лајпцих на напуштен воен полигон. Оттогаш, спортската марка работи на враќање на природната средина околу фабриката.

По повод 22-ри мај, светскиот ден на биолошката разновидност, Porsche потсетува дека одржливоста и животната средина се теми на коишто во спортската марка се придава голема важност. Неколку изненадувачки факти за фабриката во Лајпцих.

Исто како што тоа важи за целата бранша, па и многу пошироко, Porsche работи на визија за „Zero Impact Factory“. Покрај тоа што Porsche веќе солидно се има пуштено по лентата на електромобилноста со своjот Taycan, како и со идниот електричен Macan, обврска на браншата е производството на возилата да се изведува без какво било нарушување на животната средина.

Откако е изградена фабриката во Лајпцих во 2000 година, Porsche работи постојано на проекти за задржување на разновидноста на биолошките видови на просторот на фабриката.

На полигонот за теренско возење, што е дел од самата фабрика, покрај ретка сорта бикови (тур) и ексмурски пони, живеат најразновидни диви животни во природни услови. Во изминативе повеќе од 20 години, Porsche има изведено бројни моклишта (влажни подрачја) и пасишта, со цел да се обезбедат природни услови за животните и за растенијата.

Површините под цветни ливади околу фабриката опфаќаат вкупно 12.600 метри квадратни. Инсектите се важни за одржување на екосистемот, а еден податок верно отсликува што подразбираат под „важно“ во марката на 911, Cayenne и Boxster: Tри милиони медоносни пчели се регистирани на просторот.

Во соработка со регионалните пчелари, Porsche уште од 2017 година произведува сопствен мед, којшто е достапен во продажба под името Turbienchen.

Од 2018 година, во оваа природна средина доаѓаат семејства со дечиња на Porsche Safari.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Келн приклучоци за полнење е-автомобили се вградуваат во рабниците

Ако е електричен тротинет, нека биде AMG