Во Келн приклучоци за полнење е-автомобили се вградуваат во рабниците

На две различни локации во германскиот град Келн, концернот Rheimetall го испробува својот систем за полнење на батеријата на електричните автомобили, преку приклучоци што се дел од самиот рабник на тротоарот.

Целта на пилот проектот што се изведува во соработка со Град Келн и со компанијата TankE GmbH, е да се добијат сознанија за тоа како јавноста ќе реагира на приклучоците, што одвај се забележливи во изведбата на тротоарите. Исто така, се докажуваат предностите што ги нуди ова решение, во поглед на градежните зафати и уредувањето на градовите. Проектот ќе почне да се применува во текот на летово.

Со решението на Rheimetall, практично нема потреба да се поставуваат полначи за електрични автомобили во форма на столбови, што од една страна одземаат простор и го ограничуваат движењето, а од друга страна може и да ја нагрдат уличната слика. Со овој систем, самиот рабник на тротоарот станува „полнач“

Партнерската компанија TankE GmbH веќе има направено бројни зафати во поглед на електромобилноста. Првата јавна станица за полнење електрични автомобили во градот Келн беше поставена уште во 2010 година. Потоа следеше поставување инфрастуктура за првата линија во градскиот превоз, со целосно електрични автобуси. Меѓу поголемите зафати спаѓа и користењето на старите батерии како акумулатори за складирање електрична енергија, како и индуктивното полнење на батеријата на електричните такси-возила во Келн.

Градот Келн е четврти најголем град во Германија и се соочува со бројни предизвици на метропола што е во растеж. Оттаму порачуваат дека Градот сака активно да учествува во промените што се случуваат и рано да започне со развој на напредни концепти, со коишто ќе се излезе во пресрет на новите предизвици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rheinmetall (@rheinmetallag)

Германија на сојузно ниво води бројни активности со цел до 2030 година во земјата да бидат регистрирани 15 милиони целосно електрични автомобили. Се проценува дека тогаш во земјата ќе бидат неопходни најмалку 1 милион полначи за електрични автомобили.

Претходна објаваDacia Sandero најпродаван модел во Европа во април
Следна објаваЗошто Porsche чува бикови околу фабриката во Лајпцих

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here