Користените автомобили со дизел мотор од постарите годишта веќе со месеци не можат да најдат нов сопственик на плацевите во Германија. Трговците бараат начин да се ослободат од овие возила – по било која цена.
Четири од пет трговци со користени автомобили во Германија имаат потешкотии во продажбата на дизели од постарите годишта. Осумдесет проценти од нив потврдуваат дека возилата со дизел мотор се продаваат потешко отколку бензинците. Секој ден мирување на возилото на плац ги чини германските трговци 26 евра, тие мораат да изнаоѓаат алтернативни решенија. Според педантните статистики што ги води „автонацијата“, уделот на возила што се продаваат настрана од плацевите за користени автомобили во септември се зголемил на 45 проценти, од 35 проценти во истиот месец лани. „Алтернативно“ значи дека дилерите или ги нудат возилата на наддавање или ги препродаваат на повешти трговци или ги испраќаат за странство.
Опаѓањето на вредноста на 54,2 проценти од цената на ново, за користени возила со дизел мотор стари по три години, исто така потврдува дека вредноста на дизелите опаѓа. Тоа значи дека автомобил со дизел мотор што во септември 2014 година чинел 20.000 евра, сега би поседувал пазарна вредност под 11.000 евра.
Наспроти тоа, расте бројот на денови што користените дизели ги одлежуваат на плацевите. За првпат, просечното време на „чекање“ на дизелите надминува 100 денови, додека споредливите модели со бензински мотор во просек се продаваат за 80 денови.
Што покажува статистиката за македонскиот пазар?
Според последните податоци што ги има објавено Царинската управа, во месец јули е можно веќе да се препознава нов растечки тренд на увоз на користени возила. Додека во истиот месец лани биле увезени 1.070 користени возила во Македонија, годинава го јули нивниот број е зголемен за повеќе од двојно, на 2.140 возила. Евидентно е дека јули бил далеку најслаб во првите седум месеци лани, додека годинава ситуацијата е целосно спротивна. Следното ажурирање на податоците веќе ќе даде потврда дали трендот веќе се случува, иако уделот на дизелите и натаму останува „непознат“.
Број на увезени патнички автомобили во 2017 година
2017 г. |
2016 г. |
|||||
Вкупно |
Нови |
Користени |
Вкупно |
Нови |
Користени |
|
Јануари |
1653 |
450 |
1057 |
2025 |
193 |
1695 |
Февруари |
2373 |
317 |
1785 |
3161 |
384 |
2514 |
Март |
2710 |
527 |
1906 |
3438 |
436 |
2732 |
Април |
2320 |
466 |
1605 |
3312 |
475 |
2559 |
Мај |
2507 |
481 |
1747 |
3809 |
404 |
3177 |
Јуни |
2697 |
538 |
1887 |
4975 |
506 |
3998 |
Јули |
2858 |
472 |
2140 |
1743 |
471 |
1070 |
Вкупно |
17118 |
3251 |
12127 |
22463 |
2869 |
17745 |
Дали ќе треба да минат уште години додека реагираат надлежните институции – а која институција инаку е надлежна околу еколошката погодност на увезените автомобили и воопшто за спроведувањето на каква било одржлива политика околу македонскиот возен парк? Факт е дека „некаде горе во Европа“ дизелите буквално се протеруваат од улиците поради драстичното надминување на дозволените вредности на емисија на азотни оксиди, исто како што е факт дека кај нас ништо не е преземено за македонскиот народ да се заштити од новиот престоен предумирачки период на катастрофална загаденост на воздухот.
Трибини за надмудрување и прелажување, коишто на крајот ќе доведат до заклучокот дека живееме во екстремна аерозагаденост единствено поради недоволно изградената еколошка свест на граѓаните, не недостигаат. Од муабети се отрувме.