Липмотор е најпродавана кинеска марка електрични автомобили во Германија

Липмотор, партнер на концернот на Пежо и Фиат, го заврши и минатиот месец како најпродавана кинеска марка електрични автомобили во Германија.

Липмотор се рекламира како најпродавана марка електрични автомобили од Кина на пазарот во Германија

Во минатиот месец, Липмотор јави дека првпат надминал 100.000 испораки на возила на месечно ниво и со тоа изби како производител со највисока продажба меѓу кинеските стартапи, што се специјализирани за електричен погон, пред Шаоми, Нио и слични марки. Сега во истиот тон доаѓа и веста од важниот германски пазар.

Липмотор, партнерот на концернот Стелантис, во јули продал повеќе електрични автомобили од која било друга марка од Кина на германскиот пазар. Тоа е веќе втор месец во низа, затоа што Липмотор и во јуни го достигна врвот.

Според службената германска статистика, во минатиот месец на најголемиот пазар за автомобили во Европа биле регистрирани 2.750 нови автомобили на Липмотор.

Тоа претставува и раст од 330 проценти во споредба со истиот месец во 2025 година. Од вкупната јулска продажба, само околу 150 автомобили на Липмотор се во изведба со приклучен хибриден погон, додека сите останати се целосно електрични автомобили.

Според вкупната продажба, БИД е во предност со 5.240 возила, но од нив само 1.951 се целосно електрични, додека останатите 3.289 се со приклучен хибриден погон, односно се електрични автомобили со помошен бензински мотор.


Директорот на Липмотор за Германија, Мартин Реш, убеден е дека „и во следните месеци ќе ја продолжиме линијата на раст“. Реш притоа го има предвид новиот СУВ-модел Б03 Икс, за којшто веќе е пристигнат голем број нарачки. Кинескиот производител со овој модел ќе им парира на Фолксваген ИД Крос и Шкода Епик, на Рено 4 Е-Тек, на Киа ЕВ2 и други модели.

Липмотор А10, во Европа ќе се продава како Б03 Икс; Во ноември лани беше премиерата на салонот во Гуангџоу.

Стартува со продажба и електричниот „голф“ на Липмотор, компактната комбилимузина Б05.

Липмотор имаше забележана премиера на македонскиот пазар и во меѓувреме се очекува доаѓањето на новиот контингент возила, значиутелно поголем од првичните очекувања.

Липмотор прави скок на македонскиот пазар во вистинска насока

Претходна објаваТојота Корола во посебна изведба за 60-годишнината на моделот
Следна објаваЕвропскиот автомобилски пазар порасна во јули, но пак е дело на Кинезите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here