
Од јануари до јули, европскиот пазар регистрираше 5,7 проценти повеќе возила, покажуваат првичните податоци за 98% од пазарот, додека се чекаат уште продажбите од Хрватска и Португалија. Во статистиката се опфатени ЕУ, ОК и земијте од ЕФТА.
Кинеските марки повторно поставија рекорд и освоија 11,2 проценти од пазарот во јули. Нивната продажба е зголемена 107 проценти. БИД е прв, по него се Чери и САИЦ, односно МГ.
Продажбата на целосно електрични возила порасна 51 проценти, достигнувајќи удел од 25 проценти од целиот пазар. Подемот кај електричните автомобили започна откако кон завршетокот на февруари се случи нагло зголемување на цените, поради нападот на САД и Израел врз Иран. Во првите седум месеци, електричните автомобили имаат раст од 37 проценти во споредба со истиот период лани.
Додека растат електричните, паѓаат другите видови погон. Кај приклучните хибриди, продажбата пораснала за 15 проценти, но пак е солиден уделот од 24 проценти од почетокот на годинава. Обичните хибриди напредувале 9 проценти во јули, односно за 14 проценти за седум месеци.
Контото на кинеските производители се зголеми и благодарение на Липмотор, партнерот на концернот Стелантис. Нивната продажба рипна 294 проценти, на 9.306 возила. Шаопенг исто така напредува одлично и постигна раст од 270 проценти, со 5.244 продажби. Кај Чери Ауто, вклучувајќи ги марките Омода, Џејку и Чери, растот е 202 проценти. БИД, заедно со премиум марката Денза, ја има зголемено продажбата за 150 проценти.
Продажбата на МГ, марка на САИЦ, порасна само 22 проценти, но тоа пак е доволно за 15-то место на марки со најголем раст. Групацијата Џили е 16-та со раст од 21 проценти.
Единствен традиционален производител што постигна повпечатлив раст, над просекот на пазарот, е токму Мерцедес-Бенц чијашто продажба порасна 4,7 проценти. Останатите производители постигнаа раст во јули, но го загубија пазарниот удел. Тоа важи за Тојота, со раст од 2,3 проценти, за Стелантис (+2,0%) и за групацијата БМВ со 1,7 процент угоре.
Скоковите и падовите кај Тесла се случуваат и натаму, па производителот од САД го заврши месецот со пад од 36 проценти. Вообичачено за специјалистот за електрични автоммобили, продажбата во првиот месец во секој квартал е слаба.
Меѓу остантите производители што го завршија месецот во минус се Форд со пад од 16 проценти, Хјундаи (-8,5 проценти), Нисан (-5,8 проценти) и групацијата Фолксваген со 3 проценти во негатива.

Се издвојуваат Чанган, Чери, Џили
Марки што постигнаа исклучителен раст се кинескиот Чанган, што од 7 возила во јули 2025 година, успеа годинава да продаде 1.249 возила, потоа Чери со 107 возила лани во јули, со 5.868 годинава, како и матичната Џили, со 168 возила во летниот месец лани и 4.508 возила годинава.
Кај традиционалните марки се издвојуваат Фиат со раст од 25 проценти, потоа следи Рено со 16 проценти и Рено со 11 проценти. Фиат и Ситроен профитираа откако фабриките постигнаа полно производство на моделите врз платформата Смарт Кар (Гранде Панда, Ц3, Ц3 Еркрос). Кај Рено, главен двигател се малечките електрични модели, секако новото Твинго, Р4 и Р5 Е-Тек.
Твинго беше 12-ти најпродаван електричен модел, со 4.831 продажби, малку зад Тесла Модел Уај, додека Рено 5 Е-Тек е на третото место, со раст од 49 проценти.
Дачиа Сандеро е најпродаван модел на пазарот, пред Фолксвагн Голф и Т-Рок. Големо изненадување е Мерцедес-Бенц ГЛЦ меѓу 10-те најпродавани, на седмото место со продажба зголемена за 45 проценти.















