Чистата добивка во второто тромесечје порасна на 293 милиони евра, наспроти загубата од 1,87 милијарда евра во истиот период лани, соопшти Стелантис на 30-ти јули. Оперативната добивка изнесува 773 милиони евра, речиси четирикратно над добивката од 213 милиони евра лани. Тоа се случува во време кога растат цените на суровините и паѓаат цените на автомобилите во Европа, додека кинеските соперници напаѓаат сé посилно.
Оперативната маржа на Стелантис е подобрена, но пак е под нула, што концернот го оправдува со спуштањето на цените на возилата и со инфлацијата кај суровините.
Извршниот директор Антонио Филоса планира до 2030 година да вложи околу 60 милијарди евра, за десетици нови модели, со коишто ќе се постигне пресвртница во Стелантис.
Групацијата има намера да им даде предимство на марките Џип, Рам, Пежо и Фиат, и да работи на подобрување на квалитетот. Се полага многу и во соработката со кинескитe партнери Липмотор и Донгфенг, коишто треба да помогнат да се зголеми искористеноста на фабриките во Европа.
Филоса вложува напори да го врати бизнисот на Стелантис на пазарите во Северна Америка, откако истите долги години беа во постојан пад. Продажбата и добивката се подобрија во изминатото тромесечје, но скапите сервисни повици влијаеја врз профитабилноста. Во текот на јули, компанијата назначи нови директори за марките Џип и Рам.
Во Европа, каде што групацијата има соработка со кинескиот партнер Липмотор, испораките на возила се зголемија 5 проценти, главно благодарејќи на побарувачката за Фиат 500 Хибрид и Ситроен Ц3 Еркрос.
Кинеските соперници БИД и Џили се шират на европскиот пазар и вршат притисок врз традиционалните големоволуменски производители, како Стелантис и Фолксваген.
Филоса се бори против овие предизвици, скусувајќи ги трошоците и подобрувајќи ја ефикасноста. Групацијата има за цел до 2028 година да заштедува по 6 милијарди евра годишно, споредено со минатата година.
Стелантис во почетокот од неделава го продаде својот бизнис со возила за изнајмување Фри 2 Мув на германска фирма за приватни капитални вложувања, како дел од мерките за откажување од бизнисите што не носат профит, за инвестициите повеќе да се насочат кон главните марки и пазари.
















