Контроверзниот Ферари Луче е распродаден за годинава

Ферари ја исполнил продажната квота што била планирана за годинава за електричниот Луче, главно поради големата побарувачка во Кина.

Електричниот Ферари Луче предизвика бран од критики и исмевања, поради необичниот изглед.

Ферари ја постигна планираната продажба за својот прв електричен автомобил, главно благодарејќи на големиот интерес за Луче во Кина, јави Фајненшл Тајмс, повикувајќи се на упатени извори.

Производителот на спортски автомобили имал поставено цел годинава да продаде малку под 500 примероци од елеткричниот Луче. Таа квота е постигната за помалку од два месеци, откако Маранело го претстави моделот на 25-ти мај, објави весникот на 29-ти јули.

Од канцеларијата на Ферари не одговориле со коментар.

Компанијата претходно соопшти дека на 30-ти јули ќе извести за пазарната побарувачка за својот прв електричен автомобил, при објавувањето на финансиските резултати за првото полугодие.

Луче е електричен модел со четири врати и пет седишта, со цена од 550.000 евра, којшто предизвика бран негодувања и исмевања, поради необичниот и неубедлив изглед. Критиките главно беа насочени кон поранешните дизајнери на Епл, Џони Ајв и Марк Њусон.

Висок раководител во Ферари изјави во минатиот месец дека причина за необичниот изглед на Луче е строгото почитување на законите за аеродинамичност, којашто е клучна за досегот на електричните автомобили, и дека изгледот „требало да се свари“ за да биде сфатен.

Претходна објаваСтелантис лани во загуба од близу 2 милијарди, годинава повторно во профит
Следна објаваАуди ги привлекува богатите семејства во САД со Ку 9, најголемиот модел досега

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here