Огранокот на Пежо во Аргентина, каде што француската марка практично е на втор домашен терен, го покани познатиот фотограф и режисер Габриел Рока да сними серија фотографии и видеа, на тема „Алур“.
Преку проектот што аргентинскиот огранок на Пежо го работеше заедно со Габриел Рока воедно ќе се промовираат и природните убавини на Аргентина. Рока е меѓу најугледните фотографи во Аргентина и општо во Јужна Америка, кој во својот 40-годишен опус има овековечено сцени од светот на модата, филмот и спортот, познат е фотограф на рок-ѕвезди и славни личности, од Диего Армандо Марадона, до Кејт Мос.
Замислата беше Рока преку моделките што се во средиштето на вниманието во серијата фотографии и видеа, да покаже што за него претставува „Алур“, збор што има широко значење и бројни толкувања, што главно се сведуваат на моќ на заведување, привлечност. Тоа прерасна во своевидно мото на француската марка, не може да помине настан на Пежо, а „Алур“ да не се спомне.
Токму таа слобода за секој да го толкува значењето на зборот на свој и различен начин, беше повод за Пежо во повеќе пригоди досега да ги повика уметниците, креативците, да насочат во која насока јавноста да сонува кога ќе се спомне „Алур“.
Фотографот изјави за овој проект: „Минатата ноќ среде височините на градот Буенос Аирес, беше прикажан Пежо Алур, што ние го споивме со шармот на Вила Ла Ангустира и со 3008“. Сесијата се снимаше два дена, во продукција на Патагонија Аргентина. „Светлото, локацијата, моделите, облеката, тимот од професионалци што нé придружуваа, ставија препознатлив печат на првиот Алур во Јужна Америка, со Пежо 3008.“
Кадрите што произлегоа во Вила ла Ангостура личат како да се од уметнички филм, што беше и замислата на целиот проект.
View this post on Instagram
Кога Пежо зборува за Алур, тоа значи дека „иднината мора да се замисли со стил, креативност и амбиција, со пристап што се врти околу луѓето“. Маркетингот на марката што ја предводи Линда Џексон, секако дека не пропушта да го искаже своето гледиште: „Концептот на Алур е многу повеќе од израз на исклучителен дизајн. Тоа е воедно состојба на умот, пристап и однесување што е над самата појава.“
Peugeot повика пет врвни фотографи да доловат што значи „Allure“
















