за

Откако забрани сива: Фиат во Италија печати тетратки и бележници во боите на „600“

Фиат во соработка со фабриката за хартија Паоло Пиња отпечати серија училишни тетратки и бележници во боите на Фиат 600.

Тоа може само Италијанци да го осмислат. Посебна серија тетратки и бележници е отпечатена во боите на новиот Фиат 600, во рамките на проектот „Енергијата на боите Фиат х Пиња“.

Сите бои, освен сива. Фиат уште лани вети дека никогаш повеќе нема да произведе автомобил што ќе биде лакиран во сива боја. Кај новата „600“, Торино остана доследно на ветувањето. Во таа земја на неисцрпна инспирација и енергичност, приказната околу откажувањето од сивата боја ниту оддалеку не завршила.

Една од најстарите фабрики за хартија во Италија, Картиере Паоло Пиња, со традиција од преку еден век, исто како Фиат, печати специјална серија тетратни и бележници „Бојата на енергијата Фиат х Пиња“, со корици и внатрешност во впечатливи бои. Тоа се впрочем истите бои во коишто Фиат го бојадисува својот „600“, нов модел на што наскоро треба да пристигне како големо и важмно освежување во салонот на Фиат на Аутомобиле СК.

Од овој проект воедно произлезе и првиот комплет фломастери, што ги содржи сите бои, освен сивата.

Во соопштението за овој проект, Торино порачува дека лимитираната серија Д’ колор енерџи Фиат х Пиња претставува и „друштвено движење што ќе ја шири моќта на боите во училиштата, во домот и во Фиат 600 Хибрид“.

По Фиат 600, во секоја следна нова моделска серија на најиталијанската марка ќе постои забрана за сивата боја. Во кабината може да се искуси колорна терапија, преку избор на осум различни бои за амбиенталното осветлување и за радиото, со вкупно 64 можни комбинации од бои.

 

Post by @automedia.mk
View on Threads

 

Секако дека во печатениот прибор ќе биде напоменета важноста да се почитува начелото на одржливоста и грижата за животната средина. Самата 600-та, според Фиат, исто така оди во таа насока, со хибридната и со целосно електричната погонска изведба.

Водечки во својот сектор, Пиња дополнително ќе изработат и посебна серија производи под брендот Нуова Фиат 600.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пежо преку женската убавина прикажува што значи „Алур“

Јагуар најавува електричен гран-туризмо за САД, оди луксузно скалило погоре