Французите имаат една од најважните премиери на автомобиската сцена годинава. Едните Французи се Ситроен, со електричниот е-Ц3, што отвора сосем нов ценовен сегмент, другите се Рено, со враќањето на легендата Р5 на сцената, во стил на моделот од 1970-те, но со целосно електричен погон. Цените на двата модели прават разлика со тоа што досега се подразбираше како најдостапен електричен модел.
Рено почнува со нарачки за електричната Р5. Прво ќе биде достапна изведбата со поголема батерија и поголем досег, со 52 кВч и 400 километри со полна батерија. Стартот е на 31-ви мај. Со бонусот од 4.000 евра што Париз го одбива од цената на електричните автомобили, Рено 5 Е-Тек во оваа изведба чини 29.490 евра.
Во 2025 година следи и изведбата со помала батерија, со големина од 40 кВч и досег до 300 километри, и соодветно пониска цена. Без бонусот, таа ќе чини 25.000 евра, односно четири илјади евра помалку со бонусот.
Цените важат за францускиот пазар. Таму важи и можноста за финансирање, со 3.500 евра прва рата и потоа секој месец по 280 евра, со вклучен бонус од 4.000 евра и 1.500 евра за отстранување на стариот автомобил во отпад. Со тоа следи уште бесплатен полнач и трошок од симболично 1 евро месечно, за одржување на возилото.
Французите се посебно горди на тоа што Рено 5 се произведува во земјата и со тоа ги исполнува строгите барања на властите, околу условите за добивање на субвенцијата.
Дизајнот е тоа што дополнително плени кај електричниот ретро-модел. Во неслужбени разговори, Аутомотив Груп уште одамна ги има регистрирано првите преднарачки за електричниот модел.

Во кокпитот работи најнова генерација на инфо-забавниот систем ОпенР Линк, што е развиен од Гугл и подржува преку 50 апликации и услуги.
Испораките ќе започнат во 2025 година. Моделот во Франција се нуди во пет нивоа на опрема: фајв, еволушн, техно, иконик чинк и специјална серија Ролан Гарос. Во моментов може да се нарачаат само изведбите техно и иконик чинк.

Новиот електромотор располага со моќност од 110 кВ (150 КС) и развиен е од Ампер, сопствениот огранок на Рено за електрични возила. Спринтот трае под осум секунди. Рено 5 Е-Тек располага со вграден полнач од 11 кВ, што дозволува и енергијата од батеријата да се пренесува во домот, односно до надворешпи потрошувачи.

На брз почнач, петката полни од 15 до 80 проценти со максимално 100 кВ, за триесет минути
Први ќе бидат услужени клиентите што уште рано пројавија интерес и направија преднарачка, односно си обезбедија Р5 Р Пасош. Дилерите ќе контактираат со нив во следните 10 денови и тие први ќе можат да го конфигурираат своето возило. Од 31-ви мај, нарачките се отворени неограничено.
















