Како секоја марка што допира до клиенти кои за својот автомобил плаќаат колку за два стана што ќе усреќат секое семејство, така и Рејнџ Ровер организира настани за своите клиенти, за уживање во автомобилите и сé околу нив. Цената на овој несекојдневен туристички аранжман не би требало да е изненадување.
Туристичката „агенција“ на Рејнџ Ровер, за годинава има подготвено уште едно посебно доживување за клиентите на „куќата на брендовите“ и за тие што сакаат да станат дел од фината клиентела. Под Каталонија Травел Експериенс, односно Доживејте ја Каталонија низ патување, британската марка нуди „иконски сценарија и вечера со ѕвезди од мишелин“, стои во брошурата.
Станува збор за тридневно истражувачко патување низ живописниот регион на Каталонија – во Рејнџ Ровер. Тоа се предели што се вбројуваат меѓу гордостите на Шпанија, во коишто човек може да се запознае со природните обележја, но и со културата, градбите и општо историјата на тој дел од Иберискиот Полуостров.
Програмата меѓу другото предвидува и возење Рејнџ Ровер до манастир на врвот на планинскиот масив Монтсерат, во близина на Барцелона, а откако ќе се дојде на дневното одредиште, уживање во вино од најпрефинета винарија, вечера во ресторан што има ѕвезди Мишелин, а нема да отсуствува и киснење во спа.
Експертите на Рејнџ Ровер имаат избрано и посебна теренска патека, на којашто ќе се покажат и врвните теренски својства на ултралуксузниот, но пак теренски способен автомобил.
Еден од двата ексклузивни хотели во коишто се престојува
Британците имаат предвидено пет термини, сите во септември, почнувајќи од 11-ти до 14-ти септември, па натаму. Цената е посебно интересна. Во брошурата стои 8.250 фунти по човек, а тоа значи двојно повеќе, затоа што аранжманот важи за пар. И таа цена е само информативна, затоа што повеќето учесници избираат и посебни погодности за време на настанот.
За каков ексклузивен настан се работи, говори и фактот што за секој термин се предвидени по 10 учесници.
Вебсајтот за настанот
https://www.landrover.com/experiences/travel/catalonia/index.html

















