Норвешка за три месеци регистрирала нови 26.800 електрични автомобили

Богатата скандинавска држава е светски пример за електромобилноста. Не постои место во светот, каде што возилата со погон на струја постигнуваат повисок удел во продажбата, од Норвешка. Во првите три месеци, од вкупно 32.342 новорегистрирани патнички автомобили, со погон чисто на батерија биле 26.800 автомобили или 82,9 проценти. Секако дека тоа е рекорд.

Само во март, Норвешка регистрирала 16.238 нови патнички автомобили, од коишто 13.982 автомобили се чисто електрични, не сметајќи ги приклучните хибриди. Тоа одговара на учество од 86,1 проценти, што е нов рекорд, како за земјата, така и за светот.

Една од причините за растот во продажбата во март, наспроти првите два месеци од годината, лежи во пристигнувањето на бродот со нов контингент возила Tesla, што веднаш се покажа во продажната статистика. Од најновиот модел на калифорнискиот производител, од Tesla Model Y, во март се продадени 3.305 возила. Заедно со веќе докажаниот Model 3, на овие два модели отпаѓа една третина од норвешкиот пазар во март.

Нов рекордно учество на електричните автомобили во Норвешка

Електричните автомобили во првите три месеци од 2022 година постигнаа нов рекорд, со пазарно учество од 82,9 проценти. Во истиот период лани, нивното учество изнесувало само 52,8 проценти.

Пет од десетте најпродавани модели воопшто не беа достапни на пазарот лани. Од 25 модели на врвот во продажбата во првото тромесечје, дури 20 модели се чисто електрични, значи се батериски електрични автомобили, односно само пет модели не се 100% електрични.

Најпродавани се СУВ и моделите со погон на сите тркала

Електричните автомобили веќе царуват на норвешкиот пазар, а тоа што привлекува најмногу купувачи се СУВ-моделите со електричен погон. Марките што имаат вакви модели во својата понуда, а воедно и марки што можат да испорачуваат возила, во услови на недостиг од чипови и на војна во Украина, се издвојуваат во пазарната трка во досегашниот дел од годината.

Меѓу 32.342 новорегистрирани патнички автомобили во периодот од јануари до март, најголемиот дел се СУВ од средна класа, големи лимузини и модели од компакт класата.

За бројни модели се долги роковите на испорака, што значи дека само неколку модели годинава се „извадени“ директно од салон. Поголемиот дел од новите автомобили, не само електричните, биле нарачани во текот на минатата година.

Голем пад има во продажбата на модели со приклучен хибриден погон. Наспроти повеќе од 10.000 автомобили со хибриден погон чијашто батерија може да се приклучи на полнач, во првите три месеци од 2022 година, нивната продажба е сведена на само 2.338 возила. Тоа се четирипати помалку возила. Експертите во земјата ценат дека, проблем од една страна се прекинатите испораки за одредени модели, додека од друга страна е проблем тоа што за возила со приклучен хибриден погон сега се наплаќаат зголемени давачки.

Дури и увозот на користени автомобили е на страна на електричниот погон. Од вкупно 3.707 користени автомобили од увоз, дури 2.913 возила се електрични, што значи дека нивниот удел изнесува 78,6 проценти. Пазарот на користени автомобили пораснал за 11,5 проценти, што главно е поттикнато од долгите рокови на испорака, поради што некои купувачи се решаваат за користен електричен автомобил од увоз. Постојат и примери кога купувачи на електрични автомобили во држави со високи субвенции, веднаш по истекот на законски предвидениот рок за неотуѓување, го отуѓуваат возилото во странство, постигнувајќи солидна заработка.

Бугарските автомобили загадуваат најмногу, норвешките најмалку

Маки со субвенциите во Германија: Ги продаваат колите поскапо во странство

Претходна објаваЗвучници Lamborghini се изработени од карбон и чинат колку Golf
Следна објаваНов извршен директор на Škoda, Клаус Целмер презема од јули

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here