Сегашниот извршен директор на Škoda, Томас Шефер, ќе биде назначен за претседател на управниот одбор на марката Volкswagen, ќе се придружи во управниот борд на целиот концерн Volkswagen и од 1-ви јули ќе претседателува со групата големоволуменски марки. Новиот директор Клаус Целмер моментно е член на управниот одбор надлежен за продажба, маркетинг и постпродажба за марката Volkswagen.
Почнувајќи од 1-ви јули, нов претседател на управниот одбор на Škoda AUTO ќе биде Клаус Целмер, моментно член на управниот одбор на марката Volkswagen, одговорен за продажба, маркетинг и постпродажба. Актуелниот извршен директор на Škoda, Томас Шефер, од 1-ви јули станува претседател на управниот одбор на марката Volkswagen, се унапредува и во претседател на управниот одбор на целиот концерн Volkswagen и ќе биде одговорен за групата од големоволуменски марки на концернот.
Клаус Целмер ќе биде назначен за нов член на управниот одбор на Škoda од 1-ви јули 2022 и соодветно ќе биде избран за нов претседател на управниот одбор, како што пропишуваат чешките закони. Целмер доаѓа на местото на Томас Шефер, кој на крајот на јуни ќе ја препушти функцијата на претседател на одборот на Škoda. Како извршен директор, Шефер од 1-ви април е надлежен и за оперативниот бизнис на марката Volkswagen. Тој се придружува и во управниот одбор на концернот Volkswagen и ќе раководи со групата големоволуменски марки, односно со Volkswagen, Skoda и Seat.
Томас Шефер управуваше со марката Škoda во еден од најпредизвикувачките периоди за автомобилската бранша
Томас Шефер го постави планот NEXT LEVEL – Škoda STRATEGY 2030, според којшто чешката марка ќе се развива до крајот на деценијава. Во последниве години, Škoda постигна голем напредок во електрификацијата, дигитализацијата и во освојувањето нови пазари, посебно на индискиот пазар.
Клаус Целмер, по дипломирањето бизнис администрација, ја започнува својата професионална кариера во 1997 година, како асистент на член на одбор на Porsche AG. Две години подоцна, тој преоѓа во Porsche France и работи на развој на продажната мрежа, по што станува регионален менаџер за Северна Америка. Во 2000-та година, како проект менџер, тој е одговорен за развојот на продажните и маркетиншките подрачја, поврзани со новата фабрика на Porsche во Лајпцих. По менаџирањето околу центарот за клиенти во фабриката на Porsche, Целмер станува директор на маркетинг на Porsche Germany во 2007 година. Тој ја презема функцијата на претседател на управниот одбор во 2010 година.
Škodovka má nového šéfa. Hlavou @skodacz se stává současný šéf prodeje značky Volkswagen Klaus Zellmer, uvedl @Automobilwoche. https://t.co/8xa7cvArBd #škodaauto #automotive
— Jiří Liebreich (@LiebreichJ) April 1, 2022
Во 2015 година, Целмер се придружува на Porsche Cars North America во Атланта, САД, како претседател и извршен директор. Од 15-ти септември 2020, тој е член на управниот одбор на марката Volkswagen, одговорен за продажба, маркетинг и постпродажба. Во изминатиот период, Целмер имаше клучна улога во унапредувањето на организацијата, дигитализацијата и одржливоста на услугите на Volkswagen кон своите клиенти.
Сите модели на Skoda што се во понуда на македонскиот пазар, со цени и детални технички податоци, како и можност за споредба, можете да ги погледнете на нашиот онлaјн-каталог Автосалон МК, на следниот линк https://avtosalon.mk/inventory/?marka=skoda
















