Русите на рели возат камиони: GAZ победник на релито „Симбирски тракт“

Тоа што светот го очекува со нетрпение секоја година во почетокот на јануари, во форма на Рели Дакар, претставува секојдневие за руските натпреварувачи во теренско рели. Единствено што условите честопати се уште потешки, затоа што се вози и по кал и по снег. Производителот GAZ е во експанзија на своето присуство на европскиот пазар, успесите на нивните возила на руското првенство во теренско рели одат во прилог на имиџот за издржливост.

Ако за руските автомобили се вели дека се цврсти како камион, тогаш какви им се камионите? Ведостојстојни одговори за тоа доаѓаат од руското првенство во теренско рели, што се одржува традиционално, но досега малку е спомнувано на пошироката сцена. Еден производител што во моментов „напаѓа“ на европскиот пазар, гради солидно име на рускиот рели-реид. Групацијата GAZ, прочуена и посебено ценета меѓу македонската публика по својата Volga, впрочем исто колку по доставните возила GAZelle, редовно учествува на секакви категории натпревари во Русија. Голема земја, големи и тркачките „автомобили“.

Тимот „ГАЗ Раид Спорт“ победи на третата етапа од руското првенство во рели-реид, на баха Симбирски Тракт, што во минатиот викенд се одржа во регионот Улјановск. Два рели-болиди GAZelle Next ја сочинуваат победничката двојка во категоријата „Раид Спорт“. Во најбрзата категорија T1, на второто место се пласираше уште еден GAZelle Next (победи Mini Cooper Countryman), додека теренскиот камион Sadko Next освои бронза во категоријата T4 (единствено Камаз беа побрзи, 4-ти е уште еден GAZ Sadko), резервирана за камиони. Овие врвни пласмани му донесоа на „ГАЗ Раид Спорт“ прво место во конкуренција на тимови.

Повеќе од 70 екипажи имаа да совладаат повеќе од 600 километри пат, во тридневното рели по терен. Временските услови направија предизвиците да бидат уште поголеми. Поројни дождови ги поплавија земјените патеки и ги претворија во кал. Организаторите решија вториот ден да ја скусат патеката за 160 километри. Исходот од трката беше крајно неизвесен, возилата лизгаа по глинената подлога и на секој свикој се закануваше излетување од патеката.

Вјачеслав Суботин, спортски директорот на тимот GAZ RED Sport: „Нашите екипажи постигнаа победи не само поради исклучителните квалитети на самите возила, туку и поради поддршката од нашите партнери. Моторот YAMZ-534 во Sadko NEXT и моторот Cummins ISF 2.8 во GAZelle NEXT се исти како во сериските возила. Моторите издржаа исклучителни услови, дури и покрај тоа што моравме да ги извлекуваме од најголема кал.“

Сезоната завршува со „Тихиот Дон“ во регионот на Ростов, каде што ќе се вози од 18-ти до 22-ри ноември.

Во продолжение, сцени од февруарското рели

>>> TDI за Gazelle: Руска газела со германско срце

Претходна објаваМини-возилата заминуваат, доаѓаат микро-возилата на струја
Следна објаваЧип-кризата прави чуда: Toyota во САД продава повеќе од General Motors

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here