за

Чип-кризата прави чуда: Toyota во САД продава повеќе од General Motors

Концернот Toyota го престигна конкурентот General Motors и годинава е водечки производител на автомобили во САД.

Американскиот производител на автомобили General Motors е под голем удар од недостигот од чипови. Конкурентот Toyota во првите девет месеци од годинава продал на американскиот пазар многу повеќе автомобили од General Motors.

Најголемиот производител на автомобили во САД, General Motors, во последниот квартал беше силно погоден од недостигот во испораката на чипови. Продажбата на американскиот гигант на домашниот пазар во споредба со истиот период лани се смалила за речиси една третина, на 447.000 возила. Наспроти тоа, Toyota во истиот период успеа дури и да ја зголеми продажбата и по првите девет месеци од годината е водечки производител во Соединетите Американски Држави по традиционалниот примус General Motors.

Јапонскиот производител во третиот квартал продал за 1,4 процент повеќе возила во САД, односно вкупно 566.000 возила. По три квартали, Toyota води со 1,858 милион возила, додека General Motors заостанува со 1,777 милион возила.

Honda и Nissan исто така имаат пад во продажбите

Бизнисот на останатите јапонски концерни не им успеваше толку добро како на Toyota. Продажбата на Honda се смалила за 11 проценти, на 346.000 возила, а за десет проценти е опадната продажбата на Nissan, со 199.000 возила.

Проблемот со недостигот од чипови ја погодува целата бранша. Бројни фабрики мораа привремено да ги стават погоните во мирување, затоа што недостигаат чипови за автомобилите да бидат комплетни за испорака. Роковите на испорака растат, на купувачите им останува да чекаат повеќе месеци до испораката.

>>> Toyota купи 80 мегавати струја од сонце за да произведува автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Русите на рели возат камиони: GAZ победник на релито „Симбирски тракт“

Францускиот пазар го води лав: Peugeot со удел од 17,3 проценти