Огранокот на Toyota во Северна Америка потпиша договор за откуп на главнината од електричната енергија што ќе се произведе во соларниот парк Wildflower во областа Де Сото, во сојузната американска покраина Мисисипи. Станува збор за 80 од вкупно 100 мегаватчасови струја добиена од енергијата на сонцето.
Дел од електричната енергија што Toyota ќе ја користи во својата фабрика во сојузната американска држава Мисисипи ќе потекнува од обновливи извори и ќе биде целосно неутрална во поглед на емисијата на СО2. Проектот на компанијата Clearway се води под името Wildflower и ќе почне со работа во 2023 година. Соларниот парк е лоциран во близина на фабриката на Toyota.
Тоа е втора соработка од овој вид меѓу Clearway и Toyota, покрај ветерната фарма Black Rock, во областа Грент, во Западна Вирџинија, којашто се ближи кон завршетокот на изградбата. Оваа електрана исто така се наоѓа во близина на локалната фабрика на Toyota.
Енергијата што Toyota ќе ја добива од соларниот парк Wildflower одговара на 8% од вкупната потрошувачка на енергија на производителот на автомобили во фабриките во Северна Америка.
Јапонскиот примус во браншата се обврза да ја сведе емисијата на СО2 од сите свои активности во рамките на компанијата на нула, до 2050 година.