Германскиот огранок на Toyota доби нов соларен покрив што ќе создава зелена струја. Во центарот за логистика што се наоѓа во населбата Марсдорф во Келн, поставени се вотоволтаички панели со површина од 4.000 метри квадратни. Тие целосно ја покриваат потребата од енергија на објектот.
Со моќност од 750 киловат-пик (kWp), соларниот покрив испорачува количина на електрична енергија колку што трошат 220 просечни домаќинства. Центарот на марката во Германија може да го помине денот користејќи исклучиво енергија од панелите. За време на викендите, струјата од панелите се испорачува во јавната мрежа.
На овој начин, животната средина се поштедува од 415.000 килограми CO2. Јапонскиот концерн до 2050 година ќе ја намали емисијата на СО2 за 90 проценти, вклучувајќи ги производството, управата и логистиката.
Автомобилите на Toyota исто така умеат да ја користат енергијата на сонцето. Кај Toyota Prius Plug-in Hybrid постои опција за соларен покрив. Тој располага со номинална моќност од 180 вати и може да еден ден да произведе енергија за 5 километри пат со погон на струја. За осум денови, батеријата ќе достигне 80% од капацитетот. Тоа одговара на 40 километри досег. При германските 200 сончеви денови во годината, на овој начин ќе се добие енергија за вкупно 1.000 километри пат – бесплатно и без ниту грам штетна емисија.
















