за

Тркачкиот Audi R8 LMS произведен во рекордни 138 примероци

Нов продукциски рекорд за Audi R8 LMS. Втората генерација на тркачкиот болид го надмина претходникот, моделот досега има освоено 82 шампионати и уште 106 титули за Audi во GT3-спортот.

Одделението на Audi Sport што е одговорно за приватните тркачки тимови постигна рекорд. Откако втората генерација на Audi R8 LMS беше претставена кон крајот на 2015 година, од GT3-моделот се произведоа 138 примероци. Со тоа е надмината продукцијата на претходникот, што се произведуваше од 2009 до 2015 година.

Десет производители на автомобили испорачуваат тркачки болиди во класата GT3 за приватни тркачки тимови. Audi е застапен мошне силно во овие тркачки серии што се одржуваат ширум светот, па оттаму не изненадува што посебни ограноци на Audi Sport постојат и во Австралија, Кина, Канада и САД. Потребите на европските тимови се покриваат директно од германското седиште.

Во Audi се гордеат посебно на фактот што половината од компонентите во серискиот Audi R8 се користат непроменети во тркалки услови, во Audi R8 LMS. Болидите почетно се изработуваат во престижната мануфактура Белингер Хефен во седиштето на марката во Некарсулм. Завршната монтажа се врши во работилницата на Audi Sport customer racing во Биберах, дел од градот Хајлброн.

Audi R8 се одликува со исклучителна комбинација од материјали, имено од алуминиум, карбон и челик

Од двете генерации на Audi R8 LMS досега се изработени вкупно 275 примероци. Тркачкиот болид има постигнато 13 победи во генерален пласман на 24-часовни трки и 8 победи на 12-часовни маратони. Освен GT3-моделот, Audi Sport customer racing го има во понуда и тркачките варијанти GT2 и GT4 од R8. Од овие две изведби досега се изработени повеќе од 100 примероци. Годинава почнува да се трка и втората генерација на Audi RS 3 LMS.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ауто Билд тестираше полначи за електрични автомобили

Соларен покрив за централата на Toyota во Германија