за

Ауто Билд тестираше полначи за електрични автомобили

Уште еден предизвик за секогаш актуелниот Ауто Билд. На тест кај германскиот магазин се најдоа шест полначи за електрични автомобили.

Германија освен електричните автомобили ги субвенционира масивно и полначите. Побарувачката е огромна, магазинот Ауто Билд си најде предизвик да открие кои приватни полначи се подобри од останатите.

За техничкиот дел од тестирањето беше задолжен клубот АДАК. Во тестирањето беа опфатени шест електрични полначи со моќност од 11 киловати што ги исполнуваат условите за субвенционирање во Германија. При користење на полнач со оваа моќност, времетраењето на полнењето се скусува десетпати во споредба со полнење преку обичен приклучок за струја.

Германските сојузни власти го потпомагаат поставувањето приватни полначи со 900 евра. Полначите мора да се користат лично и мора да се напојуваат со струја што 100% потекнува од обновливи извори. Побарувачката е огромна, на некои модели се чека со месеци.

Проверката на приватните полначи за електрични автомобили се состоеше во оценување на безбедноста, лесното ракување и надежноста. Од шесте полначи, три добија оцена многу добро од клубот АДАК.

Полнач бр. 1: Vestel EVC04-AC11SW-T2P со оцена 2,1

Посебен белег на полначот од Vestel се апликацијата и богатата опременост. Вишокот кабел едноставно се обвиткува околу полначот, а постои и посебна преграда за сместување на приклучокот за полнење. Конфигурацијата се врши преку блутут, а се управува преку локална мрежа. Според експертите, цената од 799,95 евра е соодветна.

Полнач бр. 2: Volkswagen ID. Charger Connect со оцена 2,1

Полначот на Volkswagen има релативно достапна цена од 689 евра. Тоа беше најдостапниот полнач на тестирањето, кој исто доби оцена 2,1 како Vestel. Посебност на овој полнач е надежноста и безбедноста. Во овие критериуми, ID. Charger покажа посебни квалитети и доби оцена 1,5. Можноста за обвиткување на кабелот постои и тука. Минус има само за отсуството на бројач и за малиот обем на функции на апликацијата.

Полнач бр. 3: Hesotec Electrify eBox wr30 11kw со оцена 2,2

Стилизираниот полнач од Hesotec остави впечаток со безбедното и надежно функционирање. Куќиштето е изработено квалитетно, од нерѓосувачки челик, но во поглед на опременоста, овој полнач заостанува зад најдобрите на тестот. Hesotec функционирал надежно, односно стартувал за миг и по симулиран прекин на струја. Со цената од 1099,56 евра, полначот на Hesotec се вбројува меѓу поскапите.

Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Девет илјади мобил-мејкери на Volkswagen на ЕУРО 2020

Тркачкиот Audi R8 LMS произведен во рекордни 138 примероци