Во Минхен и во Копенхаген, посетителите ќе можат бесплатно да се возат во електричните автомобили ID на Volkswagen. Маицата Еуро Мобилити е карта за сите видови на превоз што се достапни за вановите. Целта на VW е „фановите да се заинтересираат за одржлива мобилност“.
Утре почнува ЕУРО 2020 со една година доцнење. Volkswagen е партнер за мобилност на турнирот и подготви најразновидни понуди за мобилност во 11-те места на одржување на истиот. Ангажирани се т.н. мобилити-мејкери на Volkswagen кои се членови на локалниот организациски комитет и на доброволна основа ќе помагаат како локални експерти и советници за посетителите.
Овие мобил-мејкери ќе се движат на местата со поголема раздвиженост, како железнички станици, аеродроми и во близина на стадионите. Тие ќе даваат информации за најдобрата рута до хотелот или стадионот, како и за можностите за превоз.
За самиот превоз, во Минхен и во Копенхаген ќе бидат подготвени елктрични возила со натпис „Volkswagen Free Chauffeur“. Фановите ќе можат одредено подрачје од градот да го извозат со електрични ID.3, ID.4 или со новиот ID.4 GTX.
Преку апликацијата UEFA EURO 2020 може да се повика возило „Free Chauffeur“, односно електрични возила од гамата ID, кои бесплатно превезуваат до три лица до хотелот или до фан-зоните. Секако дека притоа се внимава максимално на хигиената.
Маиците „EURO Mobility Shirt“ се карта за превоз. Во Лондон, Минхен, Копенхаген и Рим, фановите по регистрацијата ќе добиваат вакви маици, на коишто се наоѓа QR-код. Со скенирање на овој код се пристапува до страницата на Volkswagen, којашто нуди најразлични видови на превоз. На располага стојат и е-скутери, велосипеди, па и рикши.
















