за

Новата Gazelle NN си замина со титула од салонот во Москва

Русите го сакаат европскиот пазар за својата Gazelle NN, за новата генерација на познатото семејството лесни товарни возила.

Домашниот пазар секогаш е добро поаѓалиште за интернационалните кариери. GAZ годинава стартуваше со новата генерација на Gazelle. На саемот за товарни возила Комтранс 2021 во Москва, конкурентот на Transit & Co. го понесе насловот на најдобар модел во конкуренција на лесни товарни возила.

Голема награда за GAZelle NN на првиот масовен собир на браншата во Русија. На саемот за товарни возила Комтранс 2021 во Москва, новата генерација лесни товарни возила на GAZ е прогласен за победник во категоријата на лесни товарни возила.

Зад звучната титула „За рулем: Коммерческие автомобили 2021“ стои жири од претставници од најголемите компании за транспорт во Русија, од компаниите од пратечките услужни дејности и од сервисирањето. Тоа значи дека титулата доаѓа точно од професионалци чијшто домен се товарните возила и транспортот.

GAZelle NN е наследник на Gazelle Next, а кратенката NN значи „New Next“, но се толкува и како Нижниј Новгород, што е името на градот во којшто се произведува моделот. За титула се натпреваруваа 35 возила и приколки од сите категории.

GAZelle NN користи комплетно нова погонска архитектура, но и електроника заради достапност на новите дигиталнио услуги

Руските инженери посебно се гордеат на дигитализацијата во конструкцијата на GAZelle NN. Возилото користи комплетно нова архитектура, со висок обем на електроника, меѓу другото и заради поддршка на дигиталните услуги, без коишто е невозможно да се замисли ефикасен и сигурен транспорт во денешницата. Како што кажуваат во концернот што некогаш ја произведуваше Volga GAZ-24, новиот пристап овозможува „возилото во рацете на возачите и на претприемачите да се претвори од едноставна алатка во помошник и соработник.“

New item by Automedia MK / Google Photos

Целта при развојот беше да се создаде работна средина што ќе понуди највисоки мерила на комфор и комуникации. Внатрешноста е комплетно сменета, воведен е нов кориснички интервејс меѓу возачот и возилото, користени се бројни технолошки и инженерски иновации. Нов е менувачот, кој сега располага со 6-степени и заедно со новиот мотор TDI од Volkswagen, дозволува возењето да биде во исто време и поштедливо и побрзо и попријатно за возачот. Секако се внимавало многу и на безбедноста.

Платформата на GAZelle NN ќе се користи за изведување на голем број варијанти. Во меѓувреме во Русија почна да вози и електрична изведба на Gazelle.

New item by Automedia MK / Google Photos

Македонија меѓу првите извозни пазари го доби новиот GAZelle NN во продажба. Увозникот АБЦ Бротхер има успешно присуство во секторот на товарните возила, вклучувајќи продажба и сервисирање на возилата од кинескиот производител DFSK, кои се сосем вообичаена појава по македонските патишта, вклучувајќи компании од комуналната дејност, но и голем број приватници од услужниот сектор.

>>> TDI за Gazelle: Руска газела со германско срце

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бразил ќе произведува електрични автобуси со техника од Mercedes

Toyota купи 80 мегавати струја од сонце за да произведува автомобили