за

Францускиот пазар го води лав: Peugeot со удел од 17,3 проценти

Еден од секои пет нови автомобили што биле регистрирани во Франција во првите девет месеци од годинава е Peugeot.

На француските возачки и возачи им се допаѓа начинот на којшто Peugeot го остварува преоѓањето во новата ера на мобилноста. Марката со лавот е најпродавана на домашниот пазар во периодот од јануари до септември, со пазарен удел од 17,3 проценти.

На големите пазари со долга и богата традиција на автомобилско производство се одвива дополнителна трка меѓу домашните марки. И, тоа е многу важна трка. Некогаш и најголемите успеси на странските пазари остануваат бледи, ако марката не се продава подеднакво добро на домашниот пазар. Кај Peugeot сé е погодено. Марката е на врвот на европскиот пазар во речиси сите сегменти што ги покрива со свој модел, а апсолутно е на врвот на францускиот пазар.

Најголема заслуга за првото место на Peugeot на домашниот пазар има Peugeot 208, кој го продолжува духот на легендарните 205 и 206 во најдобар манир. Секако дека симпатичниот и технолошки дотеран автомобил е најпродаван модел во Франција годинава. Во заслугите не заостануваат многу и Peugeot 2008, 3008, 5008 и 508, кои подеднакво даваат придонес во своите сегменти и ја качуваат продажбата на марката по стрмна линија. Како заокружување на пазарниот успех, Peugeot во првите девет месеци од годинава води и во делот на продажбата на службени возила.

Во периодот од јануари до септември 2021:

PEUGEOT има два модели меѓу најпродаваните пет автомобили во Франција:

  • PEUGEOT 208 води со пазарен удел од 5.2 проценти
  • PEUGEOT 2008 е трет најпродаван модел, со удел од 4.3 проценти

Пет модели се водечки во своите сегменти:

  • PEUGEOT 208 е најпродаван во сегментот на градските автомобили (Б-сегмент)
  • PEUGEOT 2008 предводи во продажбата на СУВ-модели од Б-сегментот, со удел од 4.3 проценти
  • PEUGEOT 3008 е најпродаван модел меѓу СУВ-моделите од Ц-сегментот, со пазарен удел од 3.2 проценти
  • PEUGEOT 5008 предводи во сегментот на СУВ-модели со 7 седишта, со пазарен удел од 1.4 процент
  • PEUGEOT 508 ја води продажбата во средната класа (Д-сегмент), со вкупен пазарен удел од 0.5 проценти

Од вкупниот пазар во Франција, што забележа раст од 3,9 проценти во првите девет месеци, Peugeot има пазарен удел од 17,3 проценти. На пазарот на доставни возила, што годинава порасна за 17,3 проценти, Peugeot исто така учествува со речиси една петина (17.9%)

Двата пазарни сегменти, патнички автомобили и доставни возила, годинава напредувале за 9,8 проценти, Peugeot покрива 17,4 проценти од таа продажба.

>>> Патуваме со Peugeot низ Мариово: Филмска прашина, скриени богатства, ликови од романи

peugeot 208 - Витолиште, Мариово

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Чип-кризата прави чуда: Toyota во САД продава повеќе од General Motors

Škoda ја понесе титулата Companybest