Моторот во Harley-Davidson Pan America е комплетно нов V-Twin со зафатнина од 1,25 литар, со агол од 60 степени меѓу цилиндрите. Моќноста изнесува 152 КС при 8750 вртежи. Максималниот вртежен момент од 128 њутнметри се постигнува при 6.750 вртежи.
Harley-Davidson Pan America 1250 во возна состојба тежи 245 килограми. Изведбата 1250 Special, со полуактивно подвозје што автоматски се приспособува според натовареноста, а во место по желба го спушта мотоциклот, додава уште 13 килограми во тежината.
Патничкиот ендуро-харли напред има тркала од 19 инчи, задните се 17-инчни. Pan America 1250 располага со електронска распределба на силата на соприање што е оптимирана за свијоци, со систем против блокирање при сопирање во свијоци, контрола на тракција во свијоци и асистенција за возење.
Инструментите и функциите на инфо-забавниот систем се прикажуваат на приспособлив дисплеј на допир од 6,8 инчи. Резервоарот собира 21,2 литри, што е сосем пристојно за подолго патување. Стандардна опрема е темпомат и пет режими на возење, од кои два се за терен. Special има уште две програми за возење што се конфигурираат, а покрај електронското подвозје, посебност му се светло за свијоци, жичани тркала, грејачи на рачките и лакирање во две бои, како и контрола на притисокот во гумите.
https://photos.app.goo.gl/rPUPCGNiNKTnMUxe8
Најблиску до нас ги имаме цените за австрискиот пазар, каде што основната изведба чини 18.995 евра, односно 21.695 евра за Special.
https://www.instagram.com/p/CLes_U2D3F2/
















