за

Добра година за Goodyear: За марката Cooper плаќа 2,8 милијарди долари

Goodyear, американски производител на гуми и конкурент на Continental, планира да го преземе малиот производител на гуми марката Cooper под свој покрив.

goodyear WINGFOOT-ONE

Американскиот производител на гуми Goodyear ќе ја зајакнува својата позиција на пазарот преку преземањето на конкурентот Cooper. Средствата се планира да бидат исплатени во готовина. Според процените на Goodyear, акционерскиот капитал вреди 2,8 милијарди долари, односно околу 2,3 милијарди евра.

На акционерите на Cooper ќе им бидат исплатени во готовина по 41,75 долари по акција, а на тоа дополнително ќе се пресмета и 0,907 удел на Goodyear. Тоа одговара на вредност од 54,46 долари по акција. Акциите на Cooper во петокот при заклучувањето на берзата вредеа по 43,77 долари.

Управниот одбор се сложил околу преземањето на компанијата. Тоа ќе заврши во втората половина на годината. Goodyear има околу 62.000 вработени, додека Cooper е значително помал, со околу 10.000 вработени. На американскиот пазар му припаѓа петтото место. Заедничкиот промет на двете компании во 2019 година изнесувал 17,5 милијарди долари (14,4 милијарди евра).

За споредба, Continental во САД вработува 100.000 лица во индустријата за гума и пластика, и во 2019 година во земјата постигнал промет во висина од 18 милијарди евра.

>>> (вест во 2020) – Трамп бара да не се купуваат гуми Goodyear

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lamborghini huracan gt3 naddavanje

За домашната збирка: Тркачки Lamborghini Huracan оди на наддавање

harley davidson pan america

Harley-Davidson отсега ќе дивее по теренот