Lamborghini Huracán уште од самото појавување е нераздвоен од тркачките патеки. Еден од најинтересните примероци ќе биде понуден на наддавање на 24-ти февруари. Станува збор за примерокот од Huracan GT3 со број на шасија 15, со комплетно нова машина од 670 КС и со секвенцијален тркачки менувач.
Автомобилот е произведен во 2016 година и трипати беше италијански шампион во GT3. Овој примерок на Huracan не може да се регистрира за јавен сообраќај и наменет е строго за тркачка патека. Се очекува голем интерес за италијанскиот болид меѓу пасионираните колекционери.
Цената на автомобилот на ново во 2016 година изнесувала 369.000 евра, без даноци. На наддавањето се очекува Lamborghini Huracan да достигне цена до 300.000 евра. На вебсајтот www.getyourclassics.com се огласени уште бројни други автомобили, исто така со астрономски цени.
Доброто вложување во вреден јанг- или олдтајмер, во некои случаи може да донесе поголема заработка отколку банкарска камата на милионски влог или вложување во акции.