Илон Маск донира 100 мио. $ награда за пронаоѓач на технологија за собирање СО2

Илон Маск заработи 775 милиони американски долари

Шефот на Tesla и техно-милијардер бара нови начини за собирање на штетната концентрација на СО2 во атмосферата. Илон Маск за таа цел распиша конкурс и доделува навистина високи награди.

Сврзувањето на СО2 е делотворна мерка што може да помогне во забавување на загревањето на Земјата, а со тоа и за забавување на климатските промени. Доколку се постигне успех и се пронајде технологија што ќе сврзува голем дел од стакленичкиот гас, тоа ќе биде голем успех за животната средина.

Но, досега не се пронајдени практични мерки за таа цел. Шефот на Tesla, Илон Маск, вообичаено преку својот профил на твитер распиша конкурс – и на пронаоѓачот на делотворна технологија ќе му исплати награда во висина од 100 милиони долари. Тоа се околу 82 милиони евра.

Најбогатиот човек во светот ќе ги објави деталите во следната седмица. Маск веќе со години се ангажира за заштита на животната средина и со Tesla постигна многу за масовно ширење на електромобилноста. Во САД е вообичаено компаниите и моќните индивидуалци да распишуваат ваков вид конкурси. Висината на наградата несомнено ќе привлече голем број кандидати.

>>> Fiat ќе плати стотици милиони евра на Tesla за „нула“ CO2

Претходна објаваИталијански каросерист направи единствен Tesla-кабриолет
Следна објаваSuzuki Jimny почнува со производство во Индија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here