Suzuki Jimny почнува со производство во Индија

suzuki jimny индија

Примероците од Jimny што се произведуваат во фабриката на Maruti Suzuki во Гургаон, Индија, имаат иста спецификација со извозните модели што матичната марка Suzuki ги произведува во Косаи, Јапонија.

Дополнителната продукција на Suzuki Jimny во фабриката на јапонскиот производител во Индија ќе биде целосно наменета за извозните пазари. Меѓу најголемите региони што ќе се покријат со дополнителни количини од хит-теренецот се Латинска Америка, Средниот Исток и Африка

Тековната генерација на Jimny започна да се произведува во 2018 година и оттогаш привлекува голем интерес на пазарите ширум светот. Преку вклучувањето на индиската фабрика во продукцијата на Jimny, Suzuki има за цел побрзо да ги снабди пазарите на коишто има голема побарувачка од моделот.

Индија е меѓу најзначајните производствени локации на Suzuki, особено во поглед на производството за извоз. Со вклучувањето на Jimny во производство во Индија, Suzuki воедно дава уште поголем придонес за економскиот напредок и развој на Индија.

>>> Тест: Suzuki Jimny 1.5 GL

Suzuki Jimny test

Претходна објаваИлон Маск донира 100 мио. $ награда за пронаоѓач на технологија за собирање СО2
Следна објаваЕвропа има 342 мио. автомобили, најстари во Литванија, во Грција 91,1% бензинци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here