за

Европа има 342 мио. автомобили, најстари во Литванија, во Грција 91,1% бензинци

Статистиката обично ја отсликува реалноста верно, објавени се најдеталните извештаи за европскиот автомобилски пазар.

Европа ги објави конечните статистички извештаи за возниот парк во 2019 година. Како и секогаш, автомобилската статистика води кон многу интересни заклучоци и сознанија.

Во 2019 година, возниот парк од патнички автомобили во ЕУ се зголемил за 1,8 процент и достигнал вкупно 242,7 милиони возила. Најголем раст има во Романија (+7%), додека во Франција има благ пад (-0,3%).

Неопходните податоци за возниот парк во Бугарија, Кипар, Малта и Исланд биле недостапни за статистичките институции на ЕУ.

Просечната старост на возилата во Унијата е 11,5 години. Најстари се возилата во Литванија, Естонија и Романија, со просечна старост од над 16 години. Најнови автомобили возат во Луксембург (6,5 години) и во Австрија (8,3 години).

Уделот на возилата со алтернативен погон и натаму е релативно мал, иако во последните години имаше голем раст во бројот на регистрирани возила што користат автогас, метан, односно располагаат со електрифицирана погонска спрега. Само 4,6% од возилата во Унијата користат алтернативен погон. Од вкупниот возен парк, 0,8% се хибриди, додека електричните и приклучните хибриди заедно учествуваат со 0,2 процент.

Просечниот број на патнички автомобили по 1.000 жители во ЕУ изнесува 569 примероци. Луксембург има најголема густина на автомобили во ЕУ (694 на 1.000 жители), додека Латвија е најслаба со 342 автомобили по илјада жители.

Во Унгарија и Латвија, половина од домаќинствата не поседуваат автомобил. Наспроти тоа, во Франција дури 31% од домаќинствата располагаат со по два автомбоили.

Статистиките за Македонија ќе ги објавиме посебно.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

suzuki jimny индија

Suzuki Jimny почнува со производство во Индија

Макпетрол им подари таблети на 1.000 ученици

Макпетрол им подари таблети на 1.000 ученици