за

Макпетрол им подари таблети на 1.000 ученици

Макпетрол донираше таблети во вредност од над 6 милиони денари за учениците во основните училишта.

Макпетрол им подари таблети на 1.000 ученици

Како општествено одговорна компанија, Макпетрол во време на пандемија, кога се случува дигитализација на голем дел од секојдневните процеси, им посветува внимание на најмладите.

Водечката компанија во нафтениот бизнис во Македонија во минатата година набави 1.000 таблети, во вредност од над 6 милиони денари, кои поради работата во услови на пандемија, отежнат транспорт и испорака ги доби оваа недела. Донацијата е наменета за учениците во 20 основни училишта ширум државата. Распределбата на донацијата е извршена во соработка со Министерството за образование и наука, со цел истата да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Во овој период учениците и нивните семејства соочувајќи се со предизвиците кои ги наметна пандемијата, мораа да се прилагодат на дигиталниот начин на образование, па токму затоа како компанија решивме да го олесниме тој процес на транзиција.

„Свесни сме дека нашите најмлади, кај кого е клучот за подобра иднина, заслужуваат да бидат во чекор со модерниот свет, а на нас, возрасните, ни е задача истото да им го овозможиме“, се наведува во соопштението од компанијата.

Веруваме дека има моменти во кои воопшто не е потребно многу за да се направи промена, а вложувањето во образованието како еден од најважните столбови на една држава е од големо значење.

„Макпетрол“ АД Скопје ќе продолжи со својата заложба да вложува во општествено одговорни акции, бидејќи веруваме дека големината на една успешна компанија е токму во несебичните постапки кои можат да го подобрат квалитетот на животот на нашите граѓани.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Европа има 342 мио. автомобили, најстари во Литванија, во Грција 91,1% бензинци

seat leon 15 etsi fr тест

Тест: Seat Leon 1.5 eTSI FR