за

Италијански каросерист направи единствен Tesla-кабриолет

Вистинско насладување за очи и душа – за животната средина исто така – од уникатната преработка на Tesla Model S во кабриолет.

ARES_Tesla Model S_Cabrio

Италијанската каросериска работилница Ares, познато име во кругот на луксузните преработки, уште еднаш ги докажа своите способности преку изработката на Tesla Model S Convertible по посебна нарачка од клиент.

Ателјето со седиште во Модена, Италија, доби нарачка да преработи Tesla Model S во привлечен кабриолет со две врати, вклучувајќи и зафати во каросеријата, подвозјето, аеродинамиката и во внатрешноста. Секако дека ова не бил проект што се завршува за два дена.

По отсекувањето на покривот и отстранувањето на задните врати, заедно со средишните столбови, вградени се нови и подолги предни врати. Посебен предизвик беше конструирањето и дизајнирањето нов заден поклопец, со простор долу за сместување на отстранливиот покрив. За да додадат вистински италијански стил, во Ares додадоа цел комплет стилски и аеро-функционални спојлери од карбон.

За да се врати цврстината на шасијата по отстранувањето на покривот, додадени се зајакнувања по страниците, под кокпитот и под задната клупа. Специјалистите за кожа преку строго рачна работа ги обложија седиштата и кабината со бела кожа, заедно со детали во портокалова боја, по желба на клиентот.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Golf 8 ја отвора 2021 година со продажна кампања

Volkswagen очекува 10 млрд. € оперативна добивка за ’20

Илон Маск заработи 775 милиони американски долари

Илон Маск донира 100 мио. $ награда за пронаоѓач на технологија за собирање СО2