за

Volkswagen очекува 10 млрд. € оперативна добивка за ’20

Концернот Volkswagen и покрај корона-кризата очекува оперативна заработка во висина од десет милијарди евра за лани.

Volkswagen Golf 8 ја отвора 2021 година со продажна кампања

Volkswagen цени дека заработката за минатата година ќе биде намалена за половина, како последица од падот во продажбата во текот на корона-кризата. Како што денес соопштија од коцнернот од Волфсбург, оперативната заработка се очекува да достигне вредност од околу десет милијарди евра, не сметајќи ги специјалните трошоци, односно судските трошоци во рамките на дизел-кризата.

Процената се темели врз првичните бројки, кон крајот на февруари ќе бидат познати конечните податоци. Volkswagen уште нема конкретни податоци околу чистата заработка за лани, но е факт дека трошоците од „дизелгејтот“ се смалени драстично. Во 2019 година, концернот во рамките на своите редовни бизнис активности постигна чиста заработка од 19,3 милијарди евра.

Продажбата во меѓувреме расте повторно. Целата бранша пролетоска западна во тешка ситуација, откако автосалоните беа затворени и се прекина ланецот од добавувачите, но и општо се намали пазарниот интерес поради корона-кризата. Деновиве повторно се јавуваат проблеми, поради недостигот од чипови за електронските системи што се вградуваат во возилата. Покрај тоа, голем број земји повторно воведуваат ограничено движење поради корона.

Никој не очекуваше дека кризата ќе се оддолжи во толкави размери. Во четвртиот квартал повторно се подобри продажбата, за пред крајот на годината да се врати вообичаената динамика на продажба. Соодветно се зголеми и прометот. Во 2019 година, групацијата Volkswagen во светски рамки оствари промет во висина од 252,6 милијарди евра, а нето заработката се искачи на 13,3 милијарди евра.

Голем скок во продажбата на возила со електричен погон

Пандемијата лани ги намали испораките на возила од концернот за 15,2 проценти. Наспроти тоа, голем скок имаше кај електричните возила. Продажбата на чисто електрични возила се зголеми повеќе од трипати, на 232.000 примероци, додека кај приклучните хибриди имаше скок од 175 проценти и вкупно 190.000 возила. Групацијата за малку ги надмина лимитите на ЕУ за емисија на СО2, како просек од сите продадени возила. Тоа сепак нема да влијае врз резултатот за четвртиот квартал лани.

Добивката на концернот Volkswagen ќе му донесе профит и на холдингот Porsche SE, кој со удел од 53,3 проценти во матичните акции и 31,4 проценти од капиталот е најголем единечен акционер во Волфсбург.

>>> Volkswagen без проблеми со СО2-лимитите на ЕУ

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


Notice: Trying to get property 'ID' of non-object in /home/automedi/public_html/wp-content/themes/bimber/includes/post.php on line 1023

Notice: Trying to get property 'ID' of non-object in /home/automedi/public_html/wp-content/themes/bimber/includes/plugins/media-ace.php on line 128

Кола што само на право забрзува силно не е добар BMW

ARES_Tesla Model S_Cabrio

Италијански каросерист направи единствен Tesla-кабриолет