за

Volkswagen без проблеми со СО2-лимитите на ЕУ

Марката Volkswagen ги исполни барањата што ЕУ ги постави до производителите на автомобили за намалување на емисијата на СО2.

Марката Volkswagen е далеку под лимитите на ЕУ за емисија на СО2 за 2020 година

Сите возила што марката Volkswagen ги продала лани, заедно испуштиле шест милиони грами СО2 помалку од тоа што го дозволува ЕУ. Емисијата е намалена за 22% во споредба со преклани. Голем придонес за тоа имаат и електричните автомобили, чијашто продажба се зголемила трипати.

Марката Volkswagen ги исполни строгите барања на ЕУ за намалување на емисијата на СО2. Просечната вредност на емисијата на стакленичкиот гас изнесува 92 грами по километар, по продадено возило лани. Тоа е под пропишаниот лимит од Комисијата на ЕУ, кој конкретно за Volkswagen, земајќи го предвид тоа што марката има и големи теренци и лимузини во понуидата, изнесува 97 g СО2/km. Во споредба со 2019 година, емисијата на СО2 се намалила за 22 проценти.

До 2024 година, компанијата ќе вложи над 11 милијарди евра во електромобилноста. По воведувањето на електричните возила во производството во фабриките во Цвикау и Емден, истиот чекор ќе следи и во Чатануга, САД. До 2025 година, матичната марка од Волфсбург ќе претстсави дваесет нови модели со целосно електричен погон.

Планот на премиери за годинава предвидува натамошно засилување на електро-офанзивата. Шефот Ралф Брандштетер ги најави стартот на СУВ-моделот ID.4, на СУВ-купе моделот ID.4 GTX, како и на големиот ID.5 на бројни пазари ширум светот.

Лани марката Volkswagen испорачала 212.000 автомобили со електричен и приклучен хибриден погон. Уделот на чисто електричните модели изнесува 134.000 примероци, што е трипати повеќе отколку преклани. Само од електричниот компакт и стратешки модел во електро-офанзивата, ID.3, продадени се 56.500 примероци.

Електричниот голф“ во декември бил најпродаван електричен автомобил во Финска, Словенија и Норвешка. Во Холандија, ID.3 е електро-бестселер три месеци во низа. Во Шведска, електричниот пионер врз платформата MEB бил дури и најпродаван автомобил воопшто во последниот месец од минатата година. Вклучувајќи ги моделите од претходната генерација, e-Golf и e-Up!, Volkswagen бил најпродавана електрична марка лани во Холандија и во Германија. Уделот на VW на електро-пазарот во овие две земји изнесува соодветно 23,0, односно 23,8 проценти.

>>> Volkswagen Golf 8 ја отвора 2021 година со продажна кампања

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Марк Лихте, Audi e-tron GT

Марк Лихте, дизајнер на Audi: „Естетиката извира од ефикасноста“

Toyota Highlander стартува од 53.250 евра во германскиот ценовник