за

Volkswagen Golf 8 ја отвора 2021 година со продажна кампања

Моделот што е во јадрото на целиот концерн Volkswagen прв се јавува во новата година со продажна кампања. Golf 8 се поставува како техно-премиум во компакт класата.

Volkswagen Golf 8 ја отвора 2021 година со продажна кампања

Volkswagen Golf ја извозе рутински и најтешката година во автомобилската бранша, со 312.000 продадени примероци во Европа лани, и секако, задржувајќи го лидерското место во класата што го носи неговото име. Во Порше Македонија како да го „чуваа“ Golf 8, за неговата важна домашна премиера да не се поврзува со корона-годината, па уште најрано во 2021 година почнуваат со интензивна кампања каква што се очекува од компанијата.

Кусо пред преоѓањето во новата година, од Порше неофицијално најавија дека 2021 година ќе биде година на Golf. Одвај десетина денови во новата година, а најавата веќе се остварува. Половина салон на Volkswagen деновите е резервиран за Golf, во неговата осма генерација. Иако промените надворешно се држат во умерени рамки, што впрочем е традиција за Golf, компактот од Волфсбург во оваа генерација ја доживеа веројатно најголемата содржинска промена по скокот од првата во втората генерација.

Постои друг автомобил што директно е заслужен за тоа. Причината зошто Volkswagen става толку нагласок на врвната и напредна технологија во Golf 8, и тоа се чувствува уште кога мобилниот телефон ќе ги отклучи вратите и ќе го ослободи палењето, лежи во еден автомобил што доаѓа од самиот концерн. Тоа е Volkswagen ID.3 или „електричниот“ Golf. Преоѓањето од Golf 8 во ID.3 ќе трае уште долги години, меѓутоа е факт дека промените што се случија во кралот на компактите се предизвикани од ID.3 и од целиот тој масивен електричен бран што Волфсбург веќе го покрена. Годинава, патем, најавено е дека на македонскиот пазар ќе пристигнат и ID.3 и ID.4.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Продажната кампања ја комуницира моделската изведба со 2,0-литарски TDI Evo со 115 КС и ниво на опрема Life. Место редовната цена од 27.085 евра, Golf 8 со овој мотор во кампањата чини 23.500 евра. Истата ќе трае до 31-ви март и заедно со „попустот“ од близу 3.600 евра нуди и дополнително повисока противвредност за купувачите, затоа што опременоста е импресивна.

Во гамата на Golf повеќе нема „буџет-модел“, туку уште од старт следува сé, па и уште малку повеќе од сé. Според тоа што Порше веќе со години на назад го истакнува како „дилерски стандард“, секој Golf 8 во Македонија ќе вози со алу-тркала од 16 инчи со гуми 205/55,  камера за рикверц, мултифункциски кожен волан, темпомат, електрично собирање на ретровизорите, автоматски светла и бришачи заедно со автоматско долго светло и неколку системи за асистенција, меѓу кои предупредување при возило во мртов агол и систем за следење лента.

Нашата објава за техничките промени во дволитарскиот TDI Evo можете да ја прочитате тука.

Клучната разлика кај основната изведба на Golf 8 со дизел мотор во споредба со претходникот е очигледна. Додека „седумката“ возеше со 1,6-литарски TDI со 115 КС, новакот вози со дволитарски дизел, кој е воедно и најчист дизел во класата во поглед на емисијата на азотни оксиди. Основниот дизел е достапен и во варијанта со менувач DSG, со редовна цена од 29.341 евра.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Основен бензинец во VW Golf 8 во моментната понуда на Порше е 1.5 еTSI со 150 КС. Станува збор за благ хибриден погон со стартер-генератор, кој реално постигнува до десетина проценти заштеда при градско возење. Седумстепен менувач DSG е стандард, а редовната цена на оваа изведба, со ниво на опрема Life е 29.164 евра. Третата погонска варијанта е 2.0 TDI со 150 КС, менувач DSG стандардно и редовна цена од 31.623 евра. Верзиите со 150 КС се достапни и со повисокото ниво на опрема Style, со редовна цена од 31.904 евра за 1.5 eTSI и 34.394 евра за 2.0 TDI 150.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во поглед на сериската опременост, Golf е апсолутен шампион во класата, па веројатно и во една класа погоре. По список: Потпирач за рака напред, висинско и лумбарно местење за предните седишта, амбиентално осветлување со избор од 10 бои, стартување на мотор на копче, паркинг сензори напред и назад, 6 звучници, поврзување со телефон App-Connect (Apple CarPlay, Android Auto, Mirrorlink), електрична паркирна сопирачка, радио со дисплеј од 8,25 инчи, автоматски двозонски клима уред. На тоа следат уште десетината ставки што Порше Македонија ги води како „дилерски стандард“ и прави секој Golf што ќе излезе од салон стандардно да ги поседуваат ставките од опремата што се спомнати претходно.

Листата на дополнителна опрема е скусена значително – ставките што порано беа опција станаа стандард кај Golf 8. За доплата остануваат металик лак (360 евра), панорамски покрив (1.021 евра), матрични диодни светла (1.854 евра), програми за возење (988 евра), спортско подвозје (221 евра) или озвучување Harman Kardon за 644 евра.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Линк до страната за Golf 8 на Порше Македонија.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi ја заврши годината со најуспешниот квартал во историјата

Audi ја заврши годината со најуспешниот квартал во историјата

Kia Sorento со награда за СУВ на годината од What Car

Kia Sorento со награда за СУВ на годината од What Car