за

Toyota Highlander стартува од 53.250 евра во германскиот ценовник

Големиот СУВ со седум седишта првпат ќе биде достапен и на европскиот пазар. Најавено е негово пристигање во Македонија, прво ги имаме цените за германскиот пазар.

Новиот Toyota Highlander почнува со продажба во Германија, со цени што стартуваат од 53.250 евра. Семејниот СУВ-крстосувач долг 4,95 метри доаѓа стандардно со седум седишта, со хибрид и со погон на сите тркала. На тамошниот пазар може да се избира меѓу три нивоа на опрема, заедно со богата понуда од прибор.

Основното ниво на опрема во Германија се води како Business Edition и нуди многу комоција. Предните седишта се греени и со електрично местење, алу-тркала од 18 инчи се стандард, исто како параболни диодни светла со автоматско долго светло, затемнети задни стакла, камера за рикверц, инфо-забавен систем со дисплеј од осум инчи и поврзување преку Apple CarPlay и Android Auto, плус безжично полнење телефон.

Во студените денови посебно ќе се цени греењето на воланот, одмрзнувањето на ветробранот и загреваните прскалки. Во веќе богатиот и постојано унапредуван безбедносен систем Toyota Safety Sense, тука спаѓа уште предупредување при возило во мртов агол. За каросеријата може да се избира меѓу пет металик лакови.

На големиот германски пазар стартуваа и Kinto-услугите. Деловните клиенти ќе можат верзијата Business Edition да ја користат под лизинг со 459 евра месечна рата и време на отплата од 3 години. Годишната километража по таа цена вклучува лимит на 10.000 километри. Учество нема

toyota highlander
toyota highlander

Средното ниво на опрема Executive (од 58.850 евра), во коешто спаѓаат и тркала од 20 инчи, дополнително вклучува навигација и премиум озвучување JBL со 11 звучници и 1.200 вати моќност. Кожени седишта со меморија, амбиентално осветлување и лајсни на праговите внесуваат доза на луксуз. Задниот поклопец се отвора со електромотор, а има и автоматско запирање, доколку сензорите при паркирање препознаат опасност од удар во возило или пречка. Опција е стаклен покрив.

Топ-нивото е Highlander Luxury (од 63.490 евра). Покрај вентилација на предните седишта и греење на задната клупа, тука следат и дигитален ретровизор и камери со приказ во 360 степени. Средишниот дисплеј расте на 12,3 инчи, има и проекциски дисплеј. Задниот поклопец се отвора со замавнување под браникот. Тркалата имаат сребрени и црни украсни делови од алуминиум.

Најразличен прибор за секакво сценарио, за секој ден и за пат

Toyota вообичаено има и богата понуда од прибор. Кука за влечење приколка тешка до 2.000 килограми речиси се подразбира – тоа е впрочем и една од главните причини зошто Highlander ужива висока популарност во САД, поради можноста за влечење луксузна камп-приколка или брз глисер. Понатаму на списокот од прибор се кровен багажник, како и носачи за велосипед или скии.

Кој е повеќе љубител на вистинското кампување, може да избере шатор врз покривот (во Германија чини 3.135 евра). Таму горе, на 1,76 метар на покривот е релативно безбедно да се преспива на отворено. Од камп-опрема следат уште две полски столици и маса, и ладилник.

Погонот е еден и единствен, комбинација од 2,5-литарски бензинец со по еден електромотор напред и назад. Системската моќност изнесува 248 КС, што е прилично соодветно за 2.015 килограми празно возило. Според фабрика, потрошувачката изнесува меѓу 5,1 и 5,5 литри, зависно од моделската изведба.

Комбинациајта од три мотори е база за интелигентен погон на сите тркала AWD-i – во предностите на погонот се уверивме лани во теренската трилогија, кога со Toyota RAV ги искачувавме трите највисоки планини во Македонија. Платформата е GA-K, истата со RAV4, Camry, Lexus ES & Co.

>>> По највисоките македонски планини со Toyota RAV4: Кораб (1. дел)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Марката Volkswagen е далеку под лимитите на ЕУ за емисија на СО2 за 2020 година

Volkswagen без проблеми со СО2-лимитите на ЕУ

Suzuki ќе ги претстави новите мотоцикли на виртуелен салон

Suzuki ќе ги претстави новите мотоцикли на виртуелен салон