Во првиот петок од следниот месец, на 5-ти февруари, Suzuki Motorcycle ќе ја пушти иновативната дигитална платформа за комуникација, којашто е замислена како виртуелен салон за мотоцикли. Се најавува изобилство новитети.
Љубителите на мотоциклизмот ширум светот ќе го потцртаат датумот 5-ти февруари во својот календар. Во осум часот наутро се отвора Suzuki Motorcycle Global Salon, како нов виртуелен салон за мотоцикли на марката од Хамамацу. Глобалниот салон за мотоцикли ќе им овозможи на клиентите на Suzuki и на љубителите на мотоциклизмот од целиот свет, виртуелно да го посетат салонот од секоја точна на планетата. Со овој дигитален простор се отвора нова ера на комунукација, којашто ќе се надоврзе на постоечките и традиционални начини на комуницирање.
Посебноста е во тоа што иновативната дибгитална платформа не е развиена како вебсајт, туку е апликација што се презема бесплатно. Првата верзија на Suzuki Motorcycle Global Salon ќе биде наменета за Windows, а набрзо ќе следи и верзија што е наменета за смартфон. Тоа ќе овозможи секој да пристапи до апликацијата во секое време од денот.
Единственото што е потребно за преземање на апликацијата е регистрација преку е-пошта. Регистрирањето и преземањето на платформата ќе почне на 28-ми јануари (во следниот четврток), во осум часот наутро.
Suzuki Motorcycle Global Salon ќе овозможи лесен и брз пристап до цела низа практични функции, вклучувајќи пренос во живо од претстсавување на нови мотоцикли, исто како при посетување салон за мотоцикли. Преку директен канал ќе може да се поставуваат прашања до увозниците на Suzuki во земјата.
Дел од функциите на Suzuki Motorcycle Global Salon
- Претставување нови модели
- Виртуелен салон со 3D-приказ на модели
- Конфигуратор (оригинални бои и прибор)
- Електронски технологии и системи
- Прашања и посебни барања
- Разговор со другите корисници