за

Toyota ги воведува услугите Kinto во Европа

Може ли автомобил да менувам на секои три месеци и воопшто да не мислам на сервисирање, регистрација, осигурување? Toyota кажува дека тоа е можно.

Големите производители на автомобили почнуваат да се развиваат во понудувачи на услуги. Гигантските корпорации го користат својот имиџ и се поставуваат како една и единствена адреса, на којашто луѓето ѝ се обраќаат за сé во врска со превозот. Имиџот на Toyota е неоспорен, нејзините услуги Kinto почнуваат да се нудат масовно во Европа.

Kinto е новата компанија во кругот на Toyota, којашто почна како проект со мобилност, со идеја на јавноста да ѝ се понудат најразлични решенија за мобилност, во цел дијапазон на услуги, од класично изнајмување автомобил, до најновата услуга што едноставно се нарекува претплата на автомобил.

Станува збор за компанија финансирана од Toyota Motor Europe (TME) и од Toyota Financial Services (TFS), којашто има седиште во Келн, Германија. Kinto Europe официјално почнува со работа во април 2021 година, со широка понуда на услуги и производи за мобилност низ целиот регион.

Тоа што Kinto Europe ќе им го нуди на корисниците се интелигентни и приспособени услуги на новото време. Компанијата настапува во услови кога се менува класичното поседување автомобил, и јавноста и компаниите бараат нови модели на услуги што се користат само кога истите се потребни и соодветно на тоа се плаќа само за времетраењето на користењето.

Постоечката дилерска мрежа на Toyota ќе има клучна улога во Kinto Europe, преку којашто фактички ќе се реализираат најголем дел од услугите. Од новата компанија порачуваат дека на клиентите ќе им нудат „возило какво што сакаат, точно во времето кога им е потребно и во времетраење колку што истото им е потребно“.

Kinto почна да ги нуди своите услуги во Европа во јануари годинава, првично како проект. Постојаното и брзо ширење на кругот на корисници и добрите искуства, овозможија проектот да се развие во компанија со ранг достоен на имиџот на Toyota.

Основните услуги што ги нуди Kinto во неколку европски држави:

KINTO One е услуга на лизинг што моментно е активна во седум европски држави, а во 2021 година ќе се придружат уште голем број други држави. Возниот парк моментно опфаќа повеќе од 100.000 возила, со што Kinto One се вбројува меѓу средно големи понудувачи на лизинг услуги.

KINTO Share овозможува услуги на краткотрајно користење возила, за компании, за јавноста и за жители на одредени подрачја. Моментно активна во Израел, Италија, Данска, Шпанија и Шведска, услугата е осмислена со цел да се нуди преку постојната дилерска мрежа на Toyota.

KINTO Flex е услуга за претплата на автомобил на краток рок и со голема флексибилност, што на корисниците им нуди цела лепеза од модели на Toyota и Lexus. Флексибилноста подразбира и користење различни автомобили во текот на една година, зависно од вкусот и потребите – додека клиентот е ослободен од секаква грижа околу регистрирањето, сервисирањето, осигурувањето, а секако и од одржувањето и сервисирањето на возилото. Единствено што е „задача“ на клиентот е да полни гориво.

KINTO Join е услуга на т.н. car pooling за корисници што сакаат да создадат сопствена приватна мрежа за превоз и истата е активна во Норвешка и Италија, а наскоро се придружува и Велика Британија. Во основа, тоа е начин за вработените да не патуваат сами во возилото секој ден, туку да повезат други патници и да ги споделат трошоците.

KINTO Go е мулти-модел агрегатор што помага да се координираат плановите за патување, поврзува повеќе видови превоз со еден билет, исто како и паркирање, такси превоз и настани. Услугата моментно постигнува одлични успеси во Италија и за кусо време може да се очекува во други земји.

>>> Со Toyota Yaris Hybrid во Велес, градот на поетите и гемиџиите

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

moto guzzi v7 2021

Moto Guzzi V7 доби нов мотор од 850 ccm

патуваме со Skoda низ Македонија

Моделите на Skoda во фантастични есенски снимки низ Македонија