за

Моделите на Skoda во фантастични есенски снимки низ Македонија

Домашното е најслатко, и тоа универзално правило се докажува и со видеата што Порше Македонија ги објави деновиве, со моделите на Skoda.

патуваме со Skoda низ Македонија

Во градењето на локалниот имиџ на марките и на компаниите што ги застапуваат истите, неколку имиња се издвојуваат на македонската сцена, а Порше Македонија дефинитивно припаѓа во тој мал и фин круг, што редовно создава автентични содржини. Моделите на Skoda добија спектакуларни домашни видеа – всушност, ги доби целата автомобилска сцена.

Овие сложени времиња го ставија светот пред посебни предизвици. Некои ценат дека „не е време“ и чекаат подобри времиња, други се впуштаат во предизвиците и стануваат посилни. Секако дека тоа важи и за деловното работење. Порше Македонија воведе бројни новини во драстично изменетите услови годинава и секако дека тоа дополнително го издигна имиџот на компанијата и на моделите од нејзиното портфолио пред македонската јавност.

Во отсуство на големи собири, кои на автомобилските марки отсекогаш им служеле како одлична бина за претставување на своите новини и воопшто за директна комуникација со јавноста, во македонското Порше подготвија еден проект што деновиве масовно е забележан на сцената. Тоа што во текот на последниве недели повремено се појавуваше на каналите на Skoda на друштвените мрежи, со објава на фотографии од моделите на чешката марка на разни локации низ Македонија, всушност беше дел од еден голем проект.

Насловен „Патуваме со Skoda“ и под мотото „Нашите модели низ убавините на Македонија“, во проектот се вклучени три модели од понудата на Skoda. Секое од трите засебни видеа е посветено на по еден модел: На столбот на целата марка Octavia, на „чешкиот голф“ Scala и на гордоста Kodiaq. Во видеата јасно се препознаваат Охрид и Галичица, заедно со спектакуларните кадри од зајдисонцето горе на панорамското одморалиште на планината (Skoda Octavia), исто и единствениот крајолик околу Галичник и на Бистра, плус искачување по скијачките патеки во Маврово (Skoda Kodiaq), а секако дека не остуствува и Скопје (Skoda Scala).

Сите модели на Skoda на снимките се во основното ниво на опрема Ambition и тоа му дава дополнителна автентичност на овој „ПР-потфат“

За снимањето во Охрид и на Галичник, на тимот на Порше му бил доволен и само по еден ден, единствено за Skoda Scala во Скопје биле потребни два денови. Снимањето е дело на Томислав Живковиќ, а по колоритните кадри е лесно да се претпостави дека периодот на снимањето е крајот на ноември.Моделите на снимките се Skoda Scala 1.6 TDI 110 КС Ambition Plus, Skoda Octavia 2.0 TDI 115 КС Ambition и Skoda Kodiaq 2,0 TDI 150 KC DSG 4X4 Ambition Plus. Дел од идејата за овој вреден ПР-потфат е неодамнешниот проект за електричниот Porsche Taycan што во дел се одвиваше и во Македонија, под насловот Discover The Unknown.

Организацијата (вклучително и возењата) на овој настан што дефинитивно учествува во одбележувањето на годината од гледиште на автомобилската сцена, секако дека е дело на традиционалниот порше-тим за маркетингот, на менаџерот Дејан Георгиевски и заменикот Стефан Јовановски. Честитки за историски вредните видеа!

Во продолжение трите видеа со моделите на Skoda низ Македонија

Повеќе на https://www.skoda.com.mk/patuvame-so-skoda

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota ги воведува услугите Kinto во Европа

Симулаторот за возење на Mercedes десет години е во виртуелниот свет

Симулаторот за возење на Mercedes десет години е во виртуелниот свет