за

Симулаторот за возење на Mercedes десет години е во виртуелниот свет

Бројни системи за безбедност и комфор во возилата на Mercedes се усовршувани во најсовремени симулатори. Првиот ваков уред е контруиран уште во 1985 година – самостојно во Daimler.

Симулаторот за возење на Mercedes десет години е во виртуелниот свет

Десетгодишнина на центарот за возачки симулации на Mercedes-Benz. Во 2010 година во Mercedes-Benz Technology Center (MTC) во Зинделфинген беше отворен тогаш најмодерниот подвижен симулатор на возење. Со проекциско платно во 360 степени, со брз електричен погон и со шина долга 12 метри, за движење во надожен или попрешен правец, тој и денес се вбројува меѓу најмоќните уреди во браншата.

Една од специјалностите за тестирање се брзите менувања лента, во случај на избегнување ненадејна пречка на патот. Најразлични возачки сценарија може реално да се реализираат во овој симулатор. Овој високотехнолошки уред е од голема помош и во развојот на автопилотирано возење. Точно во овој симуалтор беа извршени голем дел од тестирањето на Drive Pilot во новата S-Class. Овој систем што ќе овозможи големата лимузина да совладува самостојно подолги растојанија на автопат, се очекува да стартува во сериско производство во следното лето.

Во центарот веќе се подготвува следниот технолошки чекор – се воведуваат дигитални очила коишто ќе овозможат да се тестира колку е функционална кабината на идните модели од концернот во различни возачки ситуации.

Mercedes-Benz врши бројни симулации при развојот и тестирањето на нови модели. Со помош на исклучително моќни компјутери се изработуваат „дигитални протитипи“ на возило,кои овозможуваат негово тестирање во најразлични ситуации во возењето, без истото да постои во реалноста. Тоа, пак, овозможува реалните прототипи побрзо да достигнат висок степен на зрелост и да бидат тестирани најдетално.

Голема новина се XR-симулаторите на возење. Традиционалните симуалтори користат кабина од постоечко возило. За разлика од нив, во „XR“ е доволно техничарите само да стават дигитални очила за виртуелна реалност и кабината се појавува пред нив. Во овие симулатори може уште во најраниот почеток на развојот да се тестираат нови концепти на ракување.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во XR-симулаторите може првпат да се тестира и паркирање во лабораториски услови. Степенот на реалност е мошне висок. Во виртуелната реалност се појавуваат и приказите во ретровизорите, како и возилата и пешаците околу.

Сегашниот симулатор е само последен во долгата низа слични уреди. Првиот симулатор во тогашниот Daimler-Benz AG почнува да се користи уште во 1985 година, во Берлин. Конструирањето на првиот симулатор е строго дело на куќните инженери во Daimler.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Mercedes S-Class над светот на бројките и стандардите

mercedes s-class w 223 mak autostar 1

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

патуваме со Skoda низ Македонија

Моделите на Skoda во фантастични есенски снимки низ Македонија

Јутјуб го одликуваше BMW со „Златно копче“

Јутјуб го одликуваше BMW со „Златно копче“