за

Кола што само на право забрзува силно не е добар BMW

Во BMW моментно се најзафатени околу електричниот i4, кој мора да постигнува најдобар баланс во возачките дисциплини што се својствени за марката.

Прецизна управливост, одушевувачки возни својства во свијоци, во спој со добар комфор и висок квалитет на изработка. Тоа прави еден BMW да биде добар BMW. Минхен се подготвува на големо за новиот електричен i4.

Моделите од сериите 3 и 4 на BMW го имаат изградено своето име со совршениот баланс меѓу возните својства и возниот комфор. Секако дека и идниот i4 мора да задоволува во тој поглед. Суштинската разлика е во тоа што i4 користи електричен погон. Техничарите на Минхен сепак ќе направат и погонот на струја да биде вистински BMW-погон со првото Gran Coupe со чисто електричен погон.

Шефот на проектот, Феруфино Камачо, зборува за целите: „Првпат уште од почетокот развивавме BMW со спортски гени што ќе вози со чисто електричен погон. BMW i4 го нуди сето тоа по што е познат BMW – и тој е целосно на струја.“

Остануваат уште неколку месеци до светската премиера. BMW i4 моментно е во завршното тестирање на возните својства. Главната задача е да се усогласат сите компоненти од погонот и подвозјето. Се става нагласок на брзото развивање на моќноста на електромоторот во секоја ситуација, на контролираната управлвиост и на одушевувачки возни својства во својоци.

Моќност од 530 КС на електричниот BMW i4 и спринт до темпо сто под 4 секунди

Со краткотрајна моќност од 530 КС, електричниот BMW од средната класа ќе спринтува до темпо сто за покусо од четири секунди. Уште повеќе уживање се најавува за возните својства. Посебно констурирани амортизери го спречуваат кревањето на носот при забрзување. За спречување на пролизгувањето се грижи сопствената технологија ARB, којашто е позната уште од i3 и од Mini Cooper SE, но се користи и кај „класичниот“ 128ti.

Одличната управливост произлегува од посебната геометрија на тркалата, од долгото меѓуоскино растојание во комбинација со широка трага на предната и задната оска, од големите тркала, но и од крутоста на каросеријата, ниското тежиште и погодениот тежински баланс меѓу оските.

Давид Алфредо Феруфино Камачо продолжува: „BMW i4 е лесен и агилен, а во исто време цврст и директен. Со сувереното забрзување и со високата стабилнсот во свијоци, се чини како тој да е залепен за асфалтот. Сите електрични автомобили можат силно да забрзуваат на право. Но, нас во BMW тоа ни е недоволно.“

Во поглед на батериската техника се најавува досег до 600 километри според WLTP. Тимот во Минхен повеќе е посветен на балансот меѓу динамика и комфор. Тој произлегува од амортизерите што се преземаат од сериите 3 и 4, но се дополнети со посебни компоненти за i4 и целината на крајот е приспособена за електричниот Gran Coupe.

За неколку денови почнуваат и подготовките за стартот на сериското производство на BMW i4.

>>> Минхен е подготвен за почеток на производството на BMW i4

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

kia rio vincentric противвредност

Kia Rio со најдобра противвредност според американски Vincentric

Volkswagen Golf 8 ја отвора 2021 година со продажна кампања

Volkswagen очекува 10 млрд. € оперативна добивка за ’20