за

Минхен е подготвен за почеток на производството на BMW i4

Во фабриката на BMW во Минхен почнува електричната ера. Завршија подготовките за производство на BMW i4. Тоа е најкрупен зафат во историјата на фабриката.

BMW i4

По шестнеделното мирување заради подготовка за производство на електричниот BMW i4, фабриката во Минхен продолжува со работа. Пет илјади вработени се вратија на своите работни места. На иста лента во фабриката отсега ќе се произведуваат модели со бензински, дизел, хибриден и електричен погон.

Двесте милиони евра беа вложени во подготовката на фабриката во Минхен за производство на електричниот модел BMW i4. Во матичната фабрика на Баварците, уште во периодот меѓу 2015 и 2018 година беа вложени 700 милиони евра, вклучувајќи нова еколошка лакирница и проширување на каросериското одделение, пред почетокот на сериското производство на новата серија 3.

Предизвик во преструктурирањето беше работењето во тесен простор. Во такви услови мораше да се отстранат досегашните постројки, да се вградат новите и да се пуштат во работа. За таа цел, технолошките експерти уште при планирањето користеа дигитални алатки и симулација на производството во услови на виртуелна реалност. Вработени во фабриката носеа очила за виртуелна реалност и ги симулираа своите работни чекори, со цел да се провери ергономијата.

BMW ја подготвува фабриката во Минхен за електричниот i4
Зад центарот BMW Welt и препознатливaта зграда „Vierzylinder“ се производствените хали за серијата 3, M3 и за електричниот i4

Најголемиот дел од новите производствени процеси што се потребни за BMW i4 можат да се реализираат со постоечките постројки. Дополнителни постројки беа неопходни само за подната група и за задниот дел од каросеријата на BMW i4, што се разликуваат од стандардните модели поради електричниот погон и батеријата. За вградување на батеријата од 550 килограми се користи целосно автоматска монтажа.

Фабриката во исто време се подготвуваше и за производство на новиот BMW M3, што ќе се произведува на истата лента со i4. Фабриката што влече корени уште од 1922 година, отсега ќе ги произведува електричниот BMW i4, лимузинската и Touring-изведбата од Серијата 3, со класични мотори и со хибриден погон, како и спортскиот M3.

>>> Електричниот BMW iX5 со претпремиера веќе во ноември

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Maserati MC20 premiera

Maserati што му парира на Ferrari

Mercedes G-Class како тркачки автомобил

Mercedes G-Class како тркачки автомобил