Возачите по германскиот аутобан во регионот околу Минхен, деновиве имаат чести средби со еден маскиран СУВ, чијашто регистерска таблица завршува со „Е“, а тоа значи дека се работи за електричен погон. Тие што знаат дека во непосредна близина се наоѓа Гархинг, центарот за истражување и развој на Баварците, не мораат да ја нагаѓаат марката на прототипот што се тестира по патиштата. Кај овој СУВ со електричен погон е сосем извесно дека станува збор за новиот електро-знаменосец на BMW, кој досега се најавуваше како iNext. Ознаката што ќе ја носи серискиот модел веројатно ќе гласи iX5.
Со овој СУВ, концернот од Минхен ќе се спротивстави на Tesla Model X и Y, како и на двоецот Audi e-tron/e-tron Sportback. До вистинската премиера сепак ќе треба да мине уште некое време. Планот беше BMW да ја прикаже прво техниката на новиот iX5 на саемот на потрошувачка електроника ЦЕС во Лас Вегас, во јануари в година. Меѓутоа, долготрајната корона-криза прави да биде неизвесно одржувањето на американскиот саем во почетокот на следната година.
Серискиот модел треба да се појави во продажба дури во 2022 година. Времето ги притиска Баварците да го најават моделот. Затоа, место во Лас Вегас, претпремиерата на iNext, односно iX5 ќе се одржи во рамките на сопствениот настан на BMW, на Next-Gen во ноември годинава. Концептниот автомобил iNext предизвика големо внимание на сцената, кога беше прикажан пред две години.

BMW iNext предизвика жестоки реакции од традиционалистите, поради стилот на „бубрезите“. Но, широк круг авангардисти сепак ги разбира потезите на стратезите и дизајнерите на минхенската куќа – оваа форма потсеќа на калем, а тоа е најдиректна асоцијација на електричниот погон
Електричниот СУВ ќе ја дели техниката со i4. Купето е развивано паралелно со „бензинскиот“ Gran Coupe од серијата 4 и ќе се произведува на иста монтажна лента, што досега беше невозможно. BMW со спортско елегантниот i4 ќе си го полира имиџот како производител на електрични автомобили, додека со iX5 ќе привлекува нови купувачи во СУВ-сегментот. Освен со напредниот погон на струја, iX5 ќе се издвојува и со технологијата. Тој ќе биде првиот модел на BMW што ќе користи тенхологија за автономно возење од трето ниво, што дозволува возачот целосно да ѝ ги препушти командите на електрониката. Возачот треба само да биде подготвен да реагира кога интелигенцијата на возилото ќе побара човечка интервенција. Се шпекулира дека Минхен планира во возилото да вгради техника што подржува и четврто ниво на автопилотирано возење.

BMW iNext, iX3 и i4 на заедничко тестирање во Арктичкиот Круг; Тој во средината веќе стартуваше со производство
За двете електрични новини се познати неколку поединости. Дијапазонот на моќност на i4 и iX5 ќе се движи меѓу 300 и далеку над 500 КС. Се размислува и за спортски верзии под знакот на M GmbH. При пазарниот старт наесен во 2021 година, BMW i4 прво ќе се понуди во верзии со заден погон, за неколку месеци подоцна да следат и верзиите со погон на сите тркала. Наспроти тоа, сите варијанти на iX5 ќе располагаат со погон на сите тркала.
За повисоката тежина во споредба со Gran Coupe од Серијата 4 или со X5, инженерите на BMW ќе надоместат со ниско тежиште, со висока крутост на каросеријата и со бројни нови онлајн-услуги.
BMW уште рано почна со развој, но и со примена на електричниот погон – актуелниот eDrive е веќе во петта генерација
Додека производството на i4 ќе се одвива заедно со класичните модели од серијата 4 во Минхен, големиот СУВ ќе излегува од престижната фабрика во Динголфинг. Електричниот погон, трафо-секцијата, системот за полнење и високонапонската батерија се од сопствен развој на BMW. Во купе-лимузината i4 нема да се користат ретки метали. Станува збор за петта генерација на електричниот погон на BMW.

Батеријата со тежина од 550 килограми ќе обезбедува досег меѓу 500 и 600 километри во двата нови модели. Техниката за полнење дозволува користење полначи со моќност до 150 киловати, што драстично го скусува времетраењето на полнењето, односно се постигнува 80% наполнетост за околу 30 минути.
Веќе пристигаат вести за следиот елетктричен новитет од Минхен. Новата генерација на знаменосецот на BMW, серијата 7, во 2022 година ќе биде достапна со бензински или со дизел мотор, со приклучен хибрид или со целосно електричен погон.
https://www.instagram.com/p/CEej397nGFo/
https://www.instagram.com/p/CDMOKxDHedB/
















