Големи зафати ќе се одвиваат во фабриката на BMW во Минхен во периодот меѓу 24-ти јуни и 4-ти септември. Причината е подготовка на погоните за производство на електричниот BMW i4. Во следните шест недели, продукцијата ќе мирува, но ќе се вградуваат нови машини и ќе се изведува нова организација на производството.
Во матичната фабрика на групацијата BMW во Минхен, од петок (24-ти јули) стартуваат подготовките за производството на електричниот модел BMW i4. Од таа причина, производствените ленти во баварската престолнина ќе мируваат во следните шест недели. Погоните ќе започнат со работа во утринската смена на 7-ми септември. Подготовката подразбира структурни промени и технички преправки, пред сериското производство на BMW i4 да стартува в година.
По завршувањето на преправките, на иста линија ќе се произведуваат модели со бензински, дизел, хибриден и електричен погон. Тоа ќе овозможи BMW да реагира брзо на актуелните трендови во побарувачката за одделни погонски видови.
Техничките преправки во фабриката се неопходни затоа што каросерискиот концепт на BMW i4 целосно се разликува од стандардните модели – поради батеријата. Околу 90 проценти од постоечките постројки во каросериското одделение сепак ќе се користат и за новиот електричен модел, односно истите ќе се приспособат. Преостанатите 10% се однесуваат главно на задниот дел од каросеријата, кои се различни од стандардните модели, поради батеријата.

Вградувањето на високонапонската батерија на BMW i4 се врши оздола. За таа цел во изработката се користи нова, посебна монтажна линија. Проблемот при преправките е во недостигот од простор во фабриката. Во следните шест недели, на тесниот слободен простор ќе мора да се отстранат старите постројки и да се постават нови. За тоа е потребна голема организациска вештина.
По преправките, на иста лента ќе се произведуваат лимузинската и комби изведбата Touring од серијата 3, вклучувајќи ги нивните PHEV-изведби, како и електричниот BMW i4.
Паузата во производството беше планирана уште од почетокот на 2019 година. При оптимирањето на идните процеси има голема примена на виртуелна реалност (VR). Вработените се подготвуваат за новото работно место на VR-платформа за тренирање, со специјални очила. Притоа и самите вработени честопати даваат предлози за подобрување на процесите.
На 28-ми август ќе почне полнењето на системите за повторниот старт, кој ќе следува во утринската смена на 7-ми септември. Погоните во Минхен во коишто се произведуваат мотори за целиот концерн продолжуваат да работат во полн обем.
https://www.instagram.com/p/B-q-ilCnf9X/
>>> BMW X3 почна да вози на струја
















