за

Во Швајцарија од воз право во Tesla

Во Швајцарија од воз право во Tesla

На корисниците на Mobility од неодамна им стои на располагање по една Tesla на железничките станици во Берн и Луцерн. Целта е да се докаже дека електричните автомобили се добри за услугата на „carsharing“ и да се направи уште еден чекор во популаризацијата на погонот на струја.

Компанијата Mobility располага со возен парк од 3.120 сопствени автомобили што им ги нуди на располагање на своите корисници во Швајцарија. На тоа се надоврзуваат автомобили од партнерските фирми и од гаражистите, во коишто Mobility ја вградува својата технологија и ги претвора во автомобили за „carsharing“, односно во возила што секој може да ги изнајми на кусо време по цена што е многу подостапна од класичниот рентакар.

Новитет се двете електрични возила Tesla Model 3 што може да се изнајмат на неколку минути или часови и по користењето да се остават на кое било јавно паркиралиште. Возилата се на располагање во Берн и во Луцерн. Од компанијата ценат дека на овој начин ќе им овозможат на луѓето што уште немаат искуство со електричните автомобили, да ги надминат предрасудите или стравовите и да се уверат во функционирањето на возилата на струја.

Mobility претходно обезбеди по една Tesla во Цирих и Базел. Корисниците досега имаат само позитивни искуства

Електричните автомобили на Tesla спаѓаат во поскапата категорија возила за изнајмување, но големиот интерес е доказ дека корисниците ја препознаваат добрата противвредност на понудата. Еден час изнајмување чини 4,00 швајцарски франци (230 денари) и по 0,95 франци по километар (54,40 денари). Останатите 120 електрични автомобили во возниот парк на Mobility се од моделот Renault Zoe, кој се изнајмува за 2,50 франци на час (143 денари) и 0,65 франци по километар (37,22 денари).

Мрежата на Mobility во Швајцарија опфаќа 224.000 кориснички и корисници на 3.120 возила на 1.530 локации. Со автомобилите може да се отпатува до друг град и да се остави таму, без потреба да се враќа на појдовното место.

>>> Будимпешта доби 240 возила BMW и Mini за изнајмување на улица

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda произведе три милиони автомобили во Кина

Skoda произведе три милиони автомобили во Кина

BMW ја подготвува фабриката во Минхен за електричниот i4

BMW ја подготвува фабриката во Минхен за електричниот i4