Mercedes G-Class како тркачки автомобил

Mercedes G-Class како тркачки автомобил

Горден Вагенер, главен дизајнер на Mercedes, во соработка со Вирџил Абло, уметнички директор на Louis Vuitton, се впушти во истражување на нови начини на покажување на луксузот, што целосно отстапуваат од воспоставените стандарди. Резултатот е досега невидена манифестација на култниот G-Class.

Радикален дизајн што ги прекршува сите традиции во добротворни цели. Главниот дизајнер на Mercedes-Benz, Горден Вагенер, ја креираше најконтроверзната и неповторлива форма на G-Class. Во проектот учествуваше Вирџил Абло, меѓу другото уметнички директор во луксузната марка Louis Vuitton. Една од целите на соработката беше реплика на овој уметнички G-Class да се стави на наддавање во корист на уметноста, во овие тешки времиња кога малку пари остануваат за неа.

Наддавањето ќе се одвива во рамките на „Sotheby’s Contemporary Curated“ на 14-ти септември. Станува збор за една од најценетите наддавачки серии на познатата куќа, којашто секоја година ја организираат различни трендсетери.

Со проектот Гелендеваген создадовме единствено уметничко дело што ги претставува идните начини на толкување на луксузот, како и желбата за убавина и за необично. Резултатот се наоѓа некаде меѓу реалноста и иднината

Горден Вагенер, главен дизајнер на Mercedes-Benz

https://photos.app.goo.gl/qVZfKCwS8f2fUJna7

Mercedes G-Class досега има доживеано најразлични верзии, од 4×4 до Landaulet. Ова е првпат теренската икона да биде толкувана како тркачки автомобил. Како сопственици на G-Class, Вагенер и Абло имаат искуства од прва рака. Идејата беше да се отвори нов начин на гледање на дизајнот на Mercedes-Benz, со трансформација на исполираниот изглед во нешто сурово, природно и искрено.

Надворешноста намерно е изведена да биде едноставна, заради истакнување на иконската силуета на G-Class и на нејзиниот монолитен карактер. Дел од каросерискиот лак е брусен рачно. Заварите се прикажани како централни дизајнерски мотиви. Тоа е со цел занаетчиското мајсторство да се стави во преден план. Отстранети се трепкачите, ретровизорите и браниците. Каросеријата е проширена и спуштена. Предимензионираните тркала, заедно со резервното тркало, ја истакнуваат неповторливата харизма на G-Class.

https://photos.app.goo.gl/i5LDTfAWw3RZApXDA

Внатре е оставено само најосновното, по пример од мотоспортот. Безбедносната рамка е централен мотив. Арматурната табла е остранета и заменета е со едноставна варијанта со аналоген брзиномер и старински мерач за гориво. Воланот и седиштата се како во болид од формула 1.

Проектот Гелендеваген ги соединува светот на модата, на уметноста и на автомобилот, преку единствена страст: Да се создаде исклучителен луксузен дизајн, што ги најавува идните трендови. Значи, чекаме да почне наддавањето на 14-ти септември, за цената што ќе ја достигне овој уникат.

https://photos.app.goo.gl/s38hNrEpXedCn5q96

Претходна објаваМинхен е подготвен за почеток на производството на BMW i4
Следна објаваПовеќе километри на струја, пониско осигурување за Toyota во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here