Возачките и возачите на хибридната верзија на Toyota Yaris во Германија ќе добијат екстра-бонуси доколку минуваат подолги релации со погон на струја. Тоа е нова понуда на сопствената осигурителна компанија на јапонската марка, што стартува заедно со почетокот на продажбата на новиот Yaris Hybrid.
Со почетокот на продажбата на новиот Toyota Yaris, осигурителната компанија на Toyota осмисли интересна понуда: Хибридно осигурување за Yaris Hybrid. Идејата е возачките и возачите да постигнат намалување на осигурителната премија преку минување подолги растојанија со погон на струја. Од компанијата ценат дека на тој начин се поштедуваат животната средина и ресурсите, и тоа треба соодветно да се награди.
При склучувањето договор се добива почетен бонус во висина од 10% од индивидуалната премија, кој во следната година може да се смали до 20% при целосно искористување на потенцијалот на хибридниот погон на Toyota.
Како ќе знае осигурителната компанија колкав пат е минат на струја?
За корисникот и осигурителите да знаат колкав пат е поминат на струја, служи мобилната апликација MyT од Toyota. Таа прикажува колкав процент од возењето е на струја и колкава е вкупната должина помината само со енергијата во батеријата. Соодветно се прикажува и попустот што ќе следи при продолжувањето на годишниот дотовор.
Toyota прави пионерски чекор со хибридното осигурување. Yaris Hybrid доаѓа со комплетно нова погонска спрега, вклучувајќи нов 1,5-литарец со моќност од 92 КС и електромотор од 59 kW (80 КС), што дава системска моќност од 116 КС. Просечната потрошувачка според фабрика изнесува 2,8 литри, со емисија од 64 грами СО2 на сто километри. Новата генерација на Toyota Yaris стартуваше со продажба на македонскиот пазар на 3-ти септември. Цените за хибридниот модел почнуваат од 17.990 евра. Изведбата со бензински мотор стартува од 13.490 евра.