Фабриката на Tesla во Тексас напредува брзо, Cybetruck ќе подрани

tesla cybertruck tovarna platforma

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla напредува одлично со изградбата на новата фабрика во Тексас. Според скриншотовите што се направени за време на презентацијата на Tesla за градот Остин, фабриката би можело да започне со производство веќе во мај 2021 година. Тогаш би стартувало пробното производство на електричниот пикап Cybertruck.

Скриншотовите од презентацијата се појавија не повеќе блогови што се посветени на култната американска марка електромобили. На нив, меѓу другото се гледа и грубо прикажан временски распоред за градежниот проект. Според сликите, „First Dry In“ се предвидува за крајот на декември, додека „First Substantial Completion“ би следел во мај 2021 година.

Под „ First Dry In“ се подразбира фаза од изградбата во којашто фабриката е заштитена од дожд и ветер, односно готова е „карабината“. Во таа фаза може да се започне со поставување на производствените постројки. Во случај на „First Substantial Completion“, станува збор за фаза во којашто објектот веќе може да почне да се користи за предвидената намена.

Електричниот пикап е важен модел за Tesla

Во случај да подрани почетокот на пробното производство, тоа ќе значи дека Tesla има одлични шанси да го исполни планираниот почеток на испораките на Cybertruck кон крајот на 2021 година.

Футуристички дизајнираниот модел е од особено значење за производителот во САД, затоа што пикапите традиционално се продаваат одлично на тамошниот пазар. Само во првата недела по презентацијата на пикапот кон крајот на минатата година, пристигнале над 250.000 резервации за Cybertruck.

Заедно со познатите моделски серии Model 3 и Model Y, во Остин покрај Cybertruck ќе се произведува и електричниот влекач Tesla Semi.

>>> Вработен во Tesla одбил милионско мито да пушти шпионски софтвер

Претходна објаваПовеќе километри на струја, пониско осигурување за Toyota во Германија
Следна објаваСпецијална серија од GSX-R1000R во чест на 100 години на Suzuki

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here