Вработен во Tesla одбил милионско мито да пушти шпионски софтвер

tesla роботско такси

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla, според бројните објави на тамошните медиуми, успешно избегнал случај на изнуда. Вработен во фабриката на Tesla во Невада одолеал на предизвикот, за еден милион американски долари да пушти штетен софтвер во компјутерските системи на компанијата.

Место тоа, вработениот го известил својот работодавец, по што било вклучено и ФБИ. Како што покажува судскиот документ што е достапен онлајн, приведен и обвинет е Русин на возраст од 27 години. Тој се сомничи дека стои зад обидот за поткуп на вработеното лице во Tesla, кој патем, потекнува од некогашните советски републики.

Претходно биле одржани повеќе состаноци на коишто се договарале деталите за саботажата. Откако работникот на Tesla го пријавил обидот за поткуп, се вмешал ФБИ кој потоа поставил опрема за прислушкување на состаноците.

Tesla не се спомнува во судската документација. Меѓутоа, случајот се потврди откако шефот на Tesla, Илон Маск, на твитер реагираше на објава на вебсајтот Teslarati. Маск напиша: „Тоа беше сериозен напад“.

Софтверот требало да извлече тајни информации од Tesla

Според пишувањата на новинската агенција Ројтерс, напаѓачите сакале преку софтверот да дојдат до тајни информации од компанијата, со коишто понатаму би се изнудиле милионски суми од Tesla.

Според гласините, на групата во којашто членувало приведеното лице, претходно ѝ успеале слични изнуди за милионски суми.

Tesla во спор со кинески онлајн-трговец што нуди попуст за возилата

 

Претходна објаваAmazon нарача 1.800 електрични комбиња од Mercedes
Следна објаваAston Martin за млади 007-агентки и агенти, електричен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here