DB5 Junior не е обичен детски автомобил, туку со должината од три метри и со тежината од 270 килограми е верна смалена реплика на оригиналот. Смалениот Aston Martin е замислен првенствено за сопствениците на вистински DB5, што не сакаат нивните деца да се возат во автомобил каков што имаат сите. Со моќност од 7 КС, минито од DB5 постигнува пристојно 50 km/h. Одговара и тоа што електромоторот е на задната оска.
„Детскиот“ автомобил не е во купе-изведба, како оригиналот, меѓутоа сите детали се веродостојни на Aston Martin DB5 што стекна галактичка популарност преку филмовите за Џејмс Бонд. Сите светла функционираат, има хидраулична паркирна сопирачка, нормална амортизација, па дури и инструменти што личат на оригиналните Smith. Нормално дека отсуствуваат специјалните додатоци, како катапулт седиште, секачите за гуми или вртливата ретистерска таблица.
За младите возачи да се навикнат на електричниот погон, моќноста и брзината се дотеруваат во повеќе степени. Најслабиот степен дозволува 19 km/h. Поскапата верзија се нуди како Aston Martin DB5 Vantage Junior, со електромотор со моќност од 13,5 КС. Зависно од варијантата и стилот на возење, со полна батерија се минува меѓу 16 и 64 километри.
Единственото за што може да се забележи е цената. Ексклузивен автомобил како овој сепак не може да се најде во обична продавница. Зависно од изведбата, цената се движи меѓу 39.000 и 50.000 евра. Приближно колку килограм злато.
https://www.facebook.com/astonmartin/videos/722643515259471
>>> Bugatti за 30.000 евра, нерегистриран и брз 20 km/h

















